Концептот C – Airplay на Citroen од 2006г. покажа освежување во дизајнерската насока за ’facelift‘ генерацијата на градски возила.
C – Airplay попат ни покажа и некои технолошки иновации кои токму претходниве години (дел од нив) почнаа да се применуваат во сериското производство од ваков тип.
Прво нешто што влегува во очи се проѕирните делови на вратата кои што на патниците им овозможуваат подобро да ја доживеат брзината. Секако, оние модно освестените веднаш увидуваат како C – Airplay им овозможува на останатите учесници во сообраќајот, гордо да им ги покажат своите нови чевли. Моделов пред сé нуди совршена прегледност, благодарение на огромните стаклени површини и иновативно обликуваната внатрешност. Поврзаните предни седишта во себе кријат управувачка конзола, а нозете на сопатничката ги ставаат блиску – како никогаш до сега – до вашата ’уморна‘ рака. Кон полесниот пристап се надоврзува и изоставањето на класичен менувач, бидејќи брзините се менуваат со SensoDrive секвенцијален автоматик. Покрај менувачот, воланот по прв пат на себе донесе и показатели на сé живо и диво, што е едно од најлогичните дизајнерски решенија било кога до тогаш видени.
Во ’душа‘, C – Airplay е вистинска ’алетина‘, благодарение на бензинецот од 110 коњи и размер одлично подесен за градски асфалт. Целокупниот доем на ова градско количе е навистина задоволителен од секој поглед и гледна точка, па така навистина нé зачудува што овој извонреден француски примерок на доживеа успех како што заслужуваше. Но, затоа сме овде ние, да ве потсетиме и на работите кои несакајќи сте ги испуштиле…
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.