Реклама
Престиж

Maserati GranTurismo – Префинета бруталност

Реклама

Единствената добра страна на либералниот капитализам е зголемената можност на поединцот, во процесот на распределба на парите, преку ноќ да се збогати и на тој начина да стане дел од таргет – групата за која се наменети популарните ’спортски купеа‘, како овој сребрењак на фоткатва испод….

Маркетинг

Обичен човек никогаш нема да заработи вишок од 200 000 евра да си купи Maserati. После средна школа истиот тој обичен тип започнува да работи, за да во идните 50 години собере за цркнувачка, меѓу народот позната како пензија. Личноста со склоност кон повисок IQ плаќа за да се запише на Факс (значи барем 50 коефициент –  затоа што во македопскиот општествен и друштвен тренд, без факс се само шлајмовите), а помалиот процент од обичните единки ќе запишат и повисоки степени на образование (освен ако од наредната година, владината пропаганда за образование не почне да гласи – запишете втори, трети…факултет – за да не работите цел живот), свесно потиснувајќи го сознанието дека едукацијата всушност финансиски го осиромашува.Бидејќи во моментите кои алкохоличарите ги нарекуваат “moments of clarity” (а кај нас тоа значи епифанична реткост на тргање од пропагдната државна машинерија), истиот тој млад човек сваќа дека сопственикот на кафуле има многу повеќе пари од професорот со два доктората.

Затоа, имате ли неодолива желба за ставење на вашоит ценет задник во кожниот ентериер на GranTurismo, не одете на школо. Единствен начин под педалото за гас да почувствувате 405 коњски сили, силен Ferrari-ев V8, кој помогнат од 19 инчните гуметини ќе ве катапултира во алуминското ремек дело до 100-ка на саат за 5 секунди, е подредувањето на животот кон брзо стекнување пари – и никаква школа овде нема да помогне. Бидејќи додека вие штедите за колоквиум, сопственикот на кладилница договара дали сака секвенцијален автоматик или vulgaris рачен. И со грофтање се смее додека го чита ова, потврдно климајќи со главата, додека со чачкалицата го чепка ќебапот помеѓу тројката и шестката доле лево. 

Маркетинг

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button