Реклама
Престиж

Nissan Qashqai

Реклама

Логиката е чудна работа. Посебно кога е во прашање таканаречениот Ц – сегмент и неговата омилена групација модерни автомобили скриени зад кратенката SUV, или кај нас попозната како ’Џип‘.

Маркетинг

Бидејќи како на друг начин може да биде нормална оваа логичка ’заврзлама‘: SUV возилата се идеални за во град. Ало?! Како?! Според која проклета логика? По кој принцип нешто со величина на 5 Пеглички, тешко како 7 Фиќовци и долго како 4 Smart-а, може да биде идеално за во град?! А после истиот слоган (или ептен сличен) иде и за Suzuki Swift! Нема логика!! Аристотел би се превртел во гробот. Но сепак – реалноста не учи дека логиката доаѓа и таму каде што и најмалку се надеваме – па така и на домашниве ни автопати – на кој уделот на ваквите теренци е се поголем.

Но не сме сами ние исклучок – исто е и надвор, на декадентниот Запад, од каде што трендов и започна. А како производителите ги следат побарувањата на пазарот, Nissan пред некоја година за прв пат го претстави Qashqai “baby SUV”. Исто како и неговиот поголем брат Murano, Qashqai се надополнува на дизајнерските начела и насоки, зададени на Nissan-овиот Coupe 350 Z, a „логички“ е наменет за град и градски приговор.  Продажбата беше започнала со 2 бензиски и 2 турбо – дизел мотори, менувач со 5 или 6 брзини или CVT секвенцијалец, те неколку нивоа на опрема. Во 2007г. Nissan на европскиот пазар продаде 100 000 комади од ова џипче, а и ние се изненадивме кога пред некое време налетавме на два исти примерока низ Скопските улици со различна боја. Нам целиот пакет силно ни се допаѓа, само ние фалеа и се уште ни фалат неколку десетина илјади евра вишок во новчаникот. Па ако некој има, а не му требаат – ќе се ’одбележиме‘ со голема почит. 

Маркетинг

alt

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button