„На крајот од ланската година, најпознатиот Француски производител на коли го претстави новиот концепт Peugeot EX1 electric, и тоа директно на тркачката патека во Nurburgring Nordscheife.“
Новиот Peugeot се покажа како автомобил кој веднаш почна да руши рекорди. Така во Нирнберг постави најдобро време до сега: 9:01:338.
Вистинските Gearhead-ови можеби нема да бидат кој знае колку импресионирани од овие бројки, но мора да се има на ум дека Peugeot EX1 electric е навистина електрична кола. А исто така треба и да се напомене дека сето тоа го направи во лоши временски околности, што само го прави овој поминат круг уште поимпресивен.
Од дизајнерска гледна точка, EX1 е можеби најубавата електрична кола било кога направена. Овој мазен двосед има низок профил и аеродинамично тело. Инаку моделов е сепак само концепт направен како додатен елемент во прославата на 200 годишнината од постоењето на Peugeot (била основана во 1810г. како компанија за преработка на кафе). Сепак, гледајќи ги фотографиите, не може а да не се запрашате дали лимитирана едиција би се пуштила во продажба, кога би се јавила побарувачка….
Видете ги другите содржини од рубриката Hi-Tech.