„Пред отприлика десетина дена, на 22 Април, во New York беше претставен најновиот модел на Chrysler, со ознака 300 SRT“.
Сепак оваа премиера не беше ништо посебно, пред сé затоа што Chrysler 300 е веќе некое време познат на љубителите на автомобилизмот. Но како и да е, оваа нова, „напомпана“ верзија на Chrysler 300 SRT8 е премиерна! Под хаубата на оваа најнова машина од GM, се наоѓа осум цилиндричен мотор, со волумен од 6,4 литри и силина од импозантни 465 коња. А кога се зема во предвид дека станува збор за sedan модел, ова е навистина нешто многу силно и моќно!
Максималната брзина која ја достигнува е 288 km/h. а забрзувањето од 0 до 100 километри е за 4 секунди, додека четвртина милја ( 416 метри) би требало да ги помине за помалку од 13 секунди. Има пет брзински автоматски менувач, а новина е тоа што за прв пат е ставен и кумплуг (при ваква автоматска поставеност на менувањето на брзините).
Дизајнот се одликува со класичен изглед, на кој се ставени некои остри црти на аглите, кои ја истакнуваат моќноста на оваа извонредна машина. Видете ги фотографиите кои ги спремивме за вас, како и видеото од тест возењето на Chrysler-ов.
{youtube}l8maP4CB1Nk{/youtube}
Разгледајте нашиот возен парк!