„Не станува за збор за (веќе класичните) хибриди – коли кои се движат на алтернативни видови на енергенси, пред сé струја – туку италијанскиот производител реши да направи ’две во едно‘ “.
Овој модел е направен за сите оние кои сакаат авантури и возењето на автомобилите пред сé го гледаат како спорт. Па така, луѓето од продукцијата на Ferrari решија да создадат две најдобри машини во една. Имено, во оваа машина се составени „класичен“ Ferrari автомобил и моторцикл. Оваа атрактивна, но по малку и бизарна направа е перфектна за парови кои обожаваат авантури. Единствена маана му е тоа што не можат да се тркаат меѓусебе
Веднаш да ви напоменеме дека не станува збор за никаква шала, или лажен дизајн. Ова е вистинско „Две во едно Ferrari“ кој би требало да го редефинира задоволството од возење на мотор и кола во истовреме. Порачки за овој модел секојдневно пристигнуваат на адресата на Ferrari во Torino, од сите делови на светот. Ова чисто ви го кажуваме како информација доколку и вие планирате да правите една нарачка – во случај на такво нешто, пратете mail до нашата редакција и ние „преку ред“ ќе средиме да го добиете истото во најбрз можен рок.
За останати текстови, кликни тука!