„Ви откриваме дел од планот на либијскиот лидер, полковникот Muammar Gaddafi, за правење на најбезбедниот автомобил на светот – но внимавајте, ова се случувало пред да пукнат првите пушки пред некое време.“
Добро се познати државите кои прават автомобили – повеќето од нив се во Европа, Далечниот Исток и САД – но пред да му зовријат работите во дворот, Gaddafi имал во план на таа листа да ја додаде и Libya. Она што тој и неговите инженери го „зготвиле“ е наречено „Либијската Ракета“ (Libyan Rocket). Оваа кола е дизајнирана со цел да ги реши проблемите на високата бројка на смртност по патиштата на Северна Африка. Луѓето на Gaddafi велат дека ова е најбезбедниот автомобил, било кога направен, но не одеа во насока да дадат и некој специфики и факти за поткрепа на ова тврдење.
Она што се знаеше е дека има V6 мотор, со силина од 230 коња и нос и опашка на ракета! Со неа одат стандардните додатоци за безбедност како воздушните перничиња, електронски одбранбен систем за препреки на патот, кој би требало да ја спречи сообраќајната несреќа! А што всушност е тој „ електронски одбранбен систем“ ? Па до денешен ден се уште никој нема откриено..
Можеби тоа е така затоа што полковникот ги имал согледано на сон работите што сега му се случуваат ( прототипов од колава за првпат е јавно претставен при крајот на 2009г.), па не сакал да ги разоткрие тајните кои еден ден можеби ќе му ја спасат главата. Така да ако некој од наредните денови, во неговиот двор ситуацијата стане – ДО ТУЈ Е РАБОТА – можеби ќе ја искористи ракетава за едно експресно бегство! Кој знае, можеби и на друга планета…..
За останати текстови, кликни тука!