„Ова е новиот модел на BMW кој има 420 коњи и според BMW е „World’s Fastest Pickup“. (Да, добро прочитавте, се работи за пикап!)“
Брзината што овој интересен и невообичаен модел на BMW може да ja достигне e 300 km/h. На задниот дел собира околу 20 стандардни голф торбички (ова е најпознатата мерна единица кога станува збор за луксузни автомобили. )
Доколку сте загреани да имате нешто вакво во вашата гаража, тогаш побрзајте да го порачате, бидејќи овој модел на BMW e еден и единствен. Тој е направен како Првоаприлска шега за сите фанови на овој бренд. За да бидат веродостојни во измамата, луѓето од BMW овој модел го имаат пратено дури и на тестирање во Нинберг, но откако ја забележаа нервозата на нивните обожаватели (т.е. на сопствениците на BMW M3 – ките!), поради тоа што произвеле ваков пикап, тие уште пред први април мораа да ја разоткријат шегата.
Тоа беше првото „Априлилили“ за оваа година! :)
Отвори Тефтер, види нешто друго!