„Навистина е тешко да се направи листа на најбрзи машини, но еве ние се нафативме на таа тешка задача, па така излезе оваа листа која сега ќе ви ја презентираме.“
По обичај, на листата доминираат европските производители, пред се италијанските…Како и да е, ова е списокот за нај Tip Top коли за сезоната 2010 – 2011.
1. BUGATTI VEYRON 16.4 SUPER SPORT
Оваа молња достигнува брзина од 440 km/h., а од 0 до 100km/h за 2.2 секунди, со W16 мотор со силина од 1200 коњски сили.
2. SSC ULTIMATE AERO
Со максимална брзина од 425km/h. и забразување од 0 до 100km/h. за 2.7 секунди, оваа кола во 2007г. беше најбрза на светот . Има дупол турбо мотор со силина од 1183 коњски сили и чини 485 00 $.
3. KOENIGSEGG CCX
Третото место е резервирано за шведкиот производител на автомобили Koenigseggм, кој достигнува максилмална брзина од 412km/h, a забрзувањето од 0 do 100кm/h. е за 3.2 секунди. На пазарот беше претставена во 2006г. а цената и е околу 1 820 000$, а новиот модел е 2 050 000$.
4. SALEEN S7 TWIN-TURBO
Еден од ретките американски супер автомобили, се наоѓа на 4 –тото место на листата. Максимална брзина од 409 km/h., со забрзување од 0 до 100 за 3.2 секунди, со мотор од 750 коњски сили. Чини околу 585 000$.
5. McLAREN F1
Со брзина од околу 400km/h. германската гордост е на 5 – то место, а за 3.2 секунди може да достигне брзина од 100km/h. Има AV12 мотор, кој има 620 коњски сили и чини околу 970 000 $.
6. GUMPERT APOLLO
Од 0 до 100km/h. развива за 2.7 секунди, а максималната брзина му е околу 360km/h.
7. ASCARI A10
Максималната брзина му е 360 km/h. а забрзување од 0 до 100km/h. достигнува за 2.8 секунди. Има модофициран BMW мотор кој дава сила од 625 коња. Чини околу 625 000 $.
8. FERRARI ENZO
Една од најпосакуваните коли се наоѓа дури на 8 –то место, со максимална брзина од 358km/h. и забразување од 0 до 100 за 3.2 секунди. Силината на моторот е 650 коња, а цената му е рамно 1 000 000$ (фино заокружена сумичка).
9. JAGUAR XJ 220
Англиската гордост има максимлна брзина од 358km/h. а забрзувањето од 0 до 100 му е за 4 секунди, па тоа го става на претпоследно место на нашата листа.
10. PAGANI ZONDA
На последно место на најбрзите 10 коли, своето место си го зазеде италијанскиот супер автомобил, кој со максимална брзина од само нешто над 250km/h. и забрзување од 0 до 100 за 3.5 секунди е само 10-то место на светот.