„Во една неодамнешна прес конференција, GM го претстави новиот вид и концепт, наречен – ’Гола потреба‘ , кој може да биде вклучен во линијата за 2012г.“ Како што имплицира и самото име, новиот концепт на возила – кој вклучува ’Гола потреба‘ од камиони и од коли – има за цел да ја подобри ефикасноста преку намалување на комплексноста. Со други зборови, возилата ќе ги нудат само суштинските операции и елементи и никакви други украси. Интересен факт е, додека „забавните системи“ се сметаат за украс, порталот за USB приклучок, преку кој ќе се вклучува Ipod-от или Iphone-от во звучниците во автомобилот, не спаѓа во таа категорија.
Како и да е, концептот е да се гради со одржлив материјал и минимален број на делови, за како крајна цел да се постигне најниска цена по километар при оперирање, што е можно.
Во нејзиниот блог, Theresa Tant, една од дизајнерите во GM, ја објаснува побудата и движечката сила зад овој проект: „Знаевме од нашите истражувања дека луѓето сакаат екстремно ефикасни возила, кои исто така имаат и ниска и цена и се ’зелени‘. Но она што мене најмногу ми ги отвори очите беше тоа што луѓето пред сé посакуваат екстремна ефикасност, дури ако треба за тоа да се жртвуваат и некои удобности кои не се од толку есенцијално значење. Така и ние дојдовме до овој концепт кој го нарековме ’Гола Потреба‘, кој ќе значи враќање кон корените и основата.“