„Сите оние што ги сакаат компјутерските игри, добро им е познато…“
…дека во нив постојано треба да се борат со непријателот. Тоа понекогаш се досадни животинки кои ако ве допрат, ви ја одзимаат енергијата или, во уште полоша варијанта, ве убиваат, додека друг пат тоа можат да бидат и сите други нешта што некому некогаш ќе му текнат. Но, сепак, и кај таквите непријатели постои желба да се биде најпопуларен.
Во продоление ќе ви ги прикажеме најпопуларните нерпијатели во гејмингот, без кои денес скоро и да не може да се замисли една добра игрица.
Непријател бр. 1
Зомбиевци! Буааааа… Секогаш присутен декор во популарните хорор игрици. Понекогаш навистина знаат да бидат непристојни.
Непријател бр. 2
Колку што и во времето на партизанските филмови нацистиите беа непријател број 1, така и ден – денешен, во огромен број на ири, тие ве очекуваат да ги саботирате. Размислете за нивниот дрес код!
Непријател бр. 3
Ако сте љубители на научната фантастика тогаш сигурно милион пати досега сте се бориле со некаков си вид на елиен. Интеесно е тоа што кај сите овие „лигави“ непријатели преовладува фантазијата на сликарот на биомеханичката уметност и творецот на визуелниот концепт на филмот ALIEN, Х.Р. Гигер.
Непријател бр. 4
Роботи! Крц, крц… ги има дури и во досадните Фејсбук игрици.
Непријател бр. 5
Иако студената војна одамна заврши, Русите се сеуште едни од вашите најголеми непријатели во компјутерските пукотници. А бш би сакал некогаш да изиграм некоја добра игрица во која што таквата улога ќе ја превземат Америте! „Ратататааааа…“
За останати текстови, кликни тука!