Реклама
Холивуд

„Хари и Меган Маркл веќе му имаат дадено име на бебето“

Реклама

Принцот Хари пред новинарите потврди дека неговата сопруга, Меган Маркл, се породи.

Тој на новинарите им кажа дека раѓањето на детето е најневеројатното искуство во неговиот живот и изрази длабока почит кон својата сопруга, но и на сите останати жени.

Маркетинг

На прашањето дали на бебето веќе му дале име, Хари рече дека сѐ уште размислуваат за името, иако имаа доволно време имајќи го во предвид тоа дека Меган се породи една недела по предвидениот датум. Сепак, познатиот британски експерт за говор на телото, Џуди Џејмс, тврди дека Хари не ја кажал вистината и дека кралското бебе веќе има име.

„Неговото лице и насмевка велат дека тој и Меган веќе му избрале име на бебето”, вели Џејмс. Можно е Џуди Џејмс да е во право, бидејќи претставниците на кралското семејство имињата на новороденчињата никогаш не ги откриваат веднаш по раѓањето. Така, на пример, за објавувањето на името на принцот Џорџ се чекаше три дена, за имињата на принцот Вилијам и Хари по една недела, а за името на наследникот на Чарлс, јавноста чекаше еден месец.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button