Реклама
Наши ѕвезди

„Толку и беше лошо што мораше да ползи до бањата“- Том Хенкс ја опишува агонијата низ која поминал со сопругата кога фатија корона

Реклама

Меѓу првите славни личности кои јавно признаа дека заболеле од коронавирус беа оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон. Тестовите им беа позитивни додека актерите престојуваа во Австралија и таму мораше да се лекуваат. Сега Тон Хенкс отворено зборуваше за тоа како тој и сопругата ја поминале болеста.

-На Рита и беше многу потешко околу на мене. Имаше повисока температура и некои други симптоми. Изгуби чувство на мирис и вкус, не можеше ниту да помисли на храна. И беше толку лошо што лазеше до бањата“, ја опиша Хенкс агонијата низ која поминувала неговата сопруга.

Славната 63-годишна актерка во телевизиското јавување тогаш откри дека неа и на сопругот при престојот во болницата во Австралија им го понудиле лекот наменет за лекување на маларија.

Маркетинг

По земањето на клорокин, Вилсон чувствувала мачнина, доживеала вртоглавица и општа слабост на мускулите. Таа смета дека сите би требалo да бидат внимателни во користењето на лекот.

Том Хенкс, кој немал јаки симптоми на болеста како неговата сопруга, се присети на своите најтешки моменти во изолација во болницата.

Маркетинг

-На докторката која тогаш ме лекуваше и реков дека ја почувствував најчудната работа досега и и открив дека не успеав да одработам ниту половина од основните вежби за истегнување на подот. Ме погледна низ наочарите како да разговара со најглупаво човечко суштество и ми рече: „Имаш Ковид-19“- ја раскажа Том оваа болничка анегдота.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button