Реклама
Секс

Еве зошто мажите им испраќаат голи фотографии на жените преку социјалните мрежи – податоците се шокантни!

Реклама

 Што велат истражувањата за овој нов „тренд“ во светот…

Откако се појавија социјалните мрежи времето кога мажите им симнуваа ѕвезди на жените како да станува минато.

Маркетинг

Пред десетина-дваесет години, претставниците на посилниот пол беа некако многу похрабри, а нивните обиди да освојат некоја девојка го полнеа егото на истите до крајни граници и многу од нив во тие моменти се чувствуваа како кралици. Но денес многу често освојувањето изглед така што маж без вистинско име и презиме, сокриен зад некој лажен профил на социјалните мрежи, ги вознемирува девојките со банални пораки од типот

Еј, како си? Што правиш? Изгледаш слатко…

Маркетинг

И најголемата трагедија е во тоа што тоа не е сé. Имено, овие разговори не завршуваат со овие неколку реда празни зборови, туку многу често ваквите пораки можат да бидат проследени и од фотографии на половиот орган на оној што решил да освои нечие срце. Овој феномен е раширен во целиот свет и со истиот се имаат сретнато голем број жени. Според истражувањата, настојувањето на некои мажи да им испраќаат фотографии од својот алат, и тоа на жени кои најчесто и не ги познаваат, е само еден од трендовите кои се појавија во времето на социјалните мрежи и кој отвора многу прашања.

mazi 3 cr

А првото е секако – зошто мажите го прават ова?

Зошто некои мажи воопшто имаат потреба да го сликаат овој детаљ и истата фотографија да ја испратат на некоја жена?

Како што пренесува истражувањето направено по барање на еден гигант во индустријата за играчки за возрасни, речиси 50 проценти од мажите имаат барем еднаш испратено фотографија од својот полов орган. Иако некои од нив овие експлицитни фотографии ги пратиле откако им биле побарани, повеќето жени никогаш не барале ваква содржина. Фотографијата едноставно ги шокирала и многу од нив не знаеле како да реагираат.

alt

Според истражувањето на Институтот Кинеси, а како што пренесува хрватскиот портал „Задоволна“, ова се најчестите причини зошто мажите се фотографираат на овој начин и тоа го споделуваат со жените

Преку 45 проценти од мажите што барем еднаш испратиле ваква фотографија веруваат дека добро со добро се враќа, односно сметаат дека и жената ќе им одговори со фотографија од своето тело, ќе се возбуди и ќе се согласи да се видат. Од друга страна, околу 30 отсто признаваат дека фотографиите ги испраќаат од лично задоволство, односно задоволни се од својата гордост и сакаат да ја потврдат својата машкост, се вели во истражувањето.

Но покрај овие понормални објаснувања, има и такви кои во најмала рака звучат шокантно, како на пример оние шест проценти од мажите кои признаваат дека ваквите фотографии ги испраќаат заради трауми од детството или слични проблеми, а најчесто затоа што родителите ги ставале во непријатна ситуација заради голотија, па ова сега им доаѓа како некој вид компензација.

ljubovnicimazi2

Како да реагираме кога ќе добиеме ваква фотографија од непознат маж?

Од приложеното може да се види дека постојат разни мотиви заради кои една вака порака може да заврши и во вашиот инбокс. Но доколку не станува збор за комуникација со некој познат, најдобро е таквите фотографии да не ги споделувате со пријателки, туку да ги избришете и да го блокирате профилот од кој што пристигаат. Профилот можете и да го пријавите, но никако не треба да се впуштите во расправа со непознат маж.

Поврзано

Back to top button