Реклама
CelebrityTV

Тања Савиќ замина од Србија: Пејачката ќе се венча со 11- години помладото момче во овој град, откриени сите детали за свршувачката

Заљубена е до уши...

Реклама

Српската пејачка Тања Савиќ конечно може да се каже дека е среќна во љубовта.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Иако на почетокот се ширеа разни шпекулации за врската со нејзиното 11 години помладо момче Мухамед Муки Бешиќ сепак таа изгледа посреќно од било кога.

Маркетинг

Сега тие заедно ја напуштија Србија.

Маркетинг
фото инстаграм/Тања Савиќ

Тања ужива во љубовта а тоа може да се забележи и од фотографијата која ја сподели на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Како што кружат гласини, наводно, двајцата ќе се венчаат во Лас Вегас веднаш по разводот на пејачката од нејзиниот се уште легален сопруг Душан Јованчевиќ.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Тања едвај чека официјално да заврши разводот од Душан. Таа и Муки се договорија да се венчаат во една од капелите во Лас Вегас. Со нив тој ден ќе бидат само кумовите. Дури кога се ќе заврши ќе ги извести родителите за се. По венчавката ќе остане во Америка, но Тања се уште не е 100% сигурна дали ќе се пресели таму засекогаш со децата или ќе биде само неколку месеци – изјавил извор близок до парот , а потоа продолжи:

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Тие двајца планираат и голема свадба на пролет или лето следната година во Србија. Се надеваат дека дотогаш се ќе се искристализира и дека ќе го решат проблемот што го имаат со родителите поради разликата во годините и религијата. На Тања и падна тешко кога нејзината мајка пред неколку дена јавно кажа дека е против нејзиниот брак и дека тоа не и треба во животот бидејќи има две деца. Иако неколку пати демантираше и изјави дека нејзината мајка Живана никогаш не се огласила во медиумите, вистината не може да се сокрие, а сега на сите им е јасен ставот на нејзиното семејство. Се труди да биде позитивна, но се грижи кога знае дека ја нема поддршката од оние што најмногу ги сака – изјавил неодамна извор за српскиот Курир.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Потсетуваме, Тања беше во турбулентен брак од кој има два сина, а и нејзиното ново момче има еден брак зад себе.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Муки има 27 години и живее во Америка, а заради природата на неговата работа постојано патува низ светот.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button