Реклама
CelebrityTV

Снаата на Ѓоковиќ не крие дека боледува од автоимуна болест: Сашка јавно прозборе со какви коментари се соочила!

Им порача дека треба да се засрамат...

Реклама

Новинарката Сашка Веселинов Ѓоковиќ која годинава стапи во брак со најмладиот од браќата Ѓоковиќ јавно откри дека се бори со болест.

Фото Инстаграм/Сашка Веселинов

Пред извесно време таа им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи, во врска со негативните коментари што ги добива.

Маркетинг

фото инстаграм/Сашка Веселинов

– Ме немаше неколку дена бидејќи дознав дека имам автоимуна болест, попозната како Хашимото. Станува збор за забавена работа на тироидната жлезда. За да не пишувам поопширно, ниту моментално сум расположена за вакви теми и се трудам да го извлечам најдоброто од ситуацијата, секогаш кога некому ќе му напишете порака која содржи навредлива содржина, знајте дека можеби сте само последна сламка за некого. Засрамете се! – рече тогаш Сашка.

Маркетинг

фото инстаграм/Сашка Веселинов

Деновиве Сашка е главна тема во медиумите бидејќи 24- тиот роденден го прослави во Дубаи.

Нејзиниот сопруг Ѓорѓе Ѓоковиќ и направи незаборавно изненадување, а деталите завршија на социјалните мрежи.

фото инстаграм/Сашка Веселинов

Двајцата појадувале во базенот, на покривот од хотелот, а погледот е вреден милион долари.

Ѓорѓе ја бакна во чело, а по оваа фотографија сподели и слики од собата.

фото инстаграм/Сашка Веселинов

Инаку Сашка и Ѓорѓе уживаат во родителството а таа во една прилика откри дека обврските околу синот им се поделени, односно дека подеднакво се грижат за наследникот.

фото инстаграм/Сашка Веселинов

– Често слушам како жените велат: „Мојот сопруг не ми помага со детето“. Не можам да ги разберам тие жени и како воопшто се согласуваат на врски во кои не се подразбира взаемна грижа за детето?!

фото инстаграм/Сашка Веселинов

Во нашиот случај, Александар влезе во нашите животи од чиста љубов. Едвај чекавме да го запознаеме, па заедно ги извршуваме сите обврски околу него. Мислам дека тоа е нормално и природно – изјави сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ.

фото инстаграм/Сашка Веселинов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button