Реклама
TV

Пред да биде со Бали-бег Фахрије беше во врска со миленикот на жените: Требаше да се венчаат, а и денес не се знае причината за раскинувањето

Љубовта прекина преку ноќ...

Реклама

Убавата Фахрије Евџен нашата публика ја памети по улогата на Неџла од серијата Кога лисјата паѓаат.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Фахрије Евџен веќе неколку години е во брак со црнокосиот шармантен актер, Бурак Озчивит.

Маркетинг

Тие ја освоија публиката во регионот со улогите во турските сапуници а така започна и нивната љубовна приказна.

Маркетинг
фото инстаграм/Фахрије Евџен

Пред бракот со Бурак, кој се прослави со улогата на Бали-бег, Фахрије беше во врска со друг актер кој исто така е многу популарен кај нас.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Станува збор за Озџан Дениз. Фахрије и Озџан кои се прославија во серијата „Судбина“ беа заедно пет години.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Врската ја започнаа во 2008 година, а разликата од 14 години не им пречеше.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Парот се запознал на снимањето на филмот „Ти си мој дом“, а хемијата меѓу нив се родила многу брзо.

Врската набрзо стана сериозна, Фахрије и Дениз се верија и се беше подготвено за да стапат во брак.

фото инстаграм/ Озџан Дениз

Се чинеше дека ништо не може да им ја уништи нивната љубов. Тие речиси никогаш не се разделија, а актерот замина во Германија, каде што е родена Фахрије и каде живеат нејзините родители, да ја побара нејзината рака.

фото инстаграм/ Озџан Дениз

Сите беа шокирани кога парот раскина во 2013 година, а сè уште не е сосема јасно што доведе до колапс на љубовта.

фото инстаграм/ Озџан Дениз

Се шпекулираше дека причината е прељуба, но се уште не се знае дали Фахрије го изневерувала Дениз со Бурак или тој ја изневерил со манекенката Бусе Нарси.

фото инстаграм/ Озџан Дениз

Во секој случај, набргу по раскинувањето, тие влегоа во нови врски, а се покажа дека Фахрије ја пронашла вистинската љубов со Бурак, бидејќи парот сега е во среќен брак и има две деца.

фото инстаграм/ Озџан Дениз

Дениз на почетокот на годината се ожени со иранскиот дизајнер Самар Дагдар која е дури 23 години помлада од него и ова му е трет брак.

фото инстаграм/ Озџан Дениз

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button