Реклама
CelebrityTV

Прва фотографија со 14-години постариот бизнисмен: Јована Јеремиќ го покажа и златниот накит кој и го подари!

Ужива во љубовта...

Реклама

Водителката Јована Јеремиќ не крие дека е повторно заљубена.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Таа моментално ужива во љубовта со 14 години постар дечко за кој откри дека е многу успешен и богат бизнисмен и дека е вистински џентлмен.

Маркетинг

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Иако се чинеше дека долго ќе го крие од очите на јавноста, Јована сега на својот Инстаграм објави фотографија за која многумина мислеа дека е со нејзиниот нов партнер.

Маркетинг

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Имено, таа со своите следбеници сподели фотографија од романтична вечера на која двајцата цврсто се држат за рака.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Она што на сите им паднало во очи е нејзиниот накит кој и го подарил тој. Јована неодамна во својот дом ја угости екипата на „Блиц“ и по тој повод ги покажа своите роденденски подароци каде откри дека нејзиното момче и купило златен накит, односно белегзија од 14 каратно злато.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

– Кога тоа те прави комплетен, тоа е љубов. Цел круг. Се друго е некаков интерес. Ова или она – напиша Јована и додаде емотикон со срце и лав.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Да потсетиме, водителката неодамна реши да ја скокотка фантазијата, па откри дека богатиот господин е 14 години постар од неа.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

– Засега не сакам јавно да зборувам за тоа, тоа е мое право. Кога сакам некого, тој е центарот на мојот свет и универзум. Досега покажа колку е добар со мене… Се грижи за мене и покажува колку се грижи. Сите мажи пред него беа слабаци… Ова е тој. До сега не сум имала посилен маж од мене – откри водителката во емисијата „Премиера“.

фото инстаграм/Јована Јеремиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button