Реклама
Холивуд

Последната фотографија што Бренда ја објави на социјалните мрежи ги расплака обожавателите на серијата Беверли Хилс (фото)

Реклама

Актерот Лук Пери почина на возраст од 52 години како резултат на мозочен удар кој го претрпе пред неколку дена.

Верните обожаватели на познатиот актер се надеваа дека ќе успее да закрепне од ударот до последниот момент, но Лук ја изгуби битката и растажи милиони луѓе ширум светот. Во текот на денот пак, неговата колешка од серијата Беверли Хилс, Шанен Марија Доерти, разговараше со новинарите и рече дека цврсто верува дека ќе закрепне.

Маркетинг

„Ќе почнам да плачам штом некој ќе го спомне тоа. Тој знае колку сум со него и колку го сакам. Комуницирам со неговите целото време. Сигурна сум дека ќе закрепне. Тоа е мојот Дилан“, изјави Доерти.

Маркетинг

Инаку, последната фотографија на нејзиниот Инстаграм ги покажува токму нив двајцата прегрнати.

„Мој пријателе, те држам цврсто и ти давам сила. Сигурно ќе победиш”, напиша таа пред неколку дена.

Обожавалетите на култната серија се простуваат од Пери под оваа фотографија и никој не може да верува дека еден од омилените актери од нивното детство повеќе не е со нив.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button