Реклама
Холивуд

Ништо не е случајност: Еве зошто Кејт и Меган чантите секогаш ги носат во левата рака

Реклама

Верувале или не, но како и за сè друго, во кралското семејство постои правило и за носење на женска чанта.

Војвотките од Кембриџ и Сасекс, Кејт Мидлтон и Меган Маркл, често ќе видите со чанти кои ги носат во левата рака. Објаснување за ова беше дадено од страна на Мика Мајер, експерт за однесувањето на кралското семејство со кое таа тесно соработува. Имено, според неа, носење чанти во левата рака е многу попригодно за членовите на кралското семејство, бидејќи тие често мора да се ракуваат и поздрават со луѓе, па десната рака треба да им е слободна.

Маркетинг

Интересно е и тоа што и претставниците на посилниот пол од кралското семејство, ако носат чанта или папка во рацете, мора исто така да ги носат во левата рака, со цел да имаат слободна десна рака, поради истата причина.

Маркетинг

Инаку, ова не е ново правило. И принцезата Дијана го следеше, а како што вели Мика, тоа се однесува и за кралицата Елизабета.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button