Реклама
Холивуд

Наскоро бебенце во домот на познатиот турски пар – Шехерзад и Сулејман очекуваат принова

Реклама

Бергузар Корел и Халит Ергенч очекуваат принова

Парот кој нашата публика го запозна во популарната турска серија „1001 ноќ“, откако претходно го гледаше талентираниот актер во улога на султанот во „Сулејман Величествениот“, пред година дена најавија дека работат на ново бебе, но и дека овој пат би сакале да добијат ќерка.

Маркетинг

По последните вести, очигледно дека на 36 годишната Бергузар и се остварила желбата за проширување на семејството.

„Да, сакам уште деца и поради тоа сум нестрплива. Секако сакам здравје на прво место, но ако добијам ќерка ќе бидат пресреќна“, изјави познатата актерка пред година дена во интервју за турските медиуми.

Маркетинг

И бидејќи веќе некое време се шушка дека убавата актерка по втор пат е бремена, потврдата за оваа вест стигна на 50-от роденден на нивната пријателка Ајша Барим. Кога си заминуваше од забавата, Шехерзад неуспешно се обидуваше да го сокрие стомакот од фотографите.

Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, Халит Ергенч, се уште немаат коментирано ништо во врска со бременоста, туку само ја пофалија забавата.

„Одамна не сме се забавувале вака. Беше одлична забава. Ја сакаме Ајше, со неа соработуваме од 2006 година и како семејство сме“, изјави познатиот пар по забавата пред насобраните новинари.

Инаку, тие во јавноста не се појавуваат често со нивниот осумгодишен син Али, туку уживаат во својата приватност. Актерката неколку пати има изјавено дека би сакала да има уште деца, и дека по првото машко дете сега посебно би се радувала ако добие ќерка.

Нивната љубовна приказна започна пред 13 години додека работеа заедно на серијата „1001 ноќ“. Хемијата помеѓу нив се гледаше и пред и зад камерите, а поради љубовта тие ги оставија нивните тогашни партнери.

Халит тогаш беше во брак со актерката Гизем Сојсалди која во тој момент беше бремена, но одлучи да ја прекине бременоста. Бергузар заради новата љубов го остави момчето со кое беше во врска повеќе години.

Тие застанаа на лудиот камен во 2009 година.

Извор: Prva.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button