Реклама
Наши ѕвезди

Македонскиот пејач го остави алкохолот и промената е очигледна – живееше во илузија, а сега му се остварува сонот

Неговата приказна никого не остави рамнодушен

Реклама

Пејачот Александар Јосифовски кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ не крие дека порано имал проблеми со алкохолот.

Но тој во еден важен момент од животот реши да направи круцијална промена во својот живот и да престане да консумира алкохол.

Во оваа негова борба со порокот покрај најблиските најмногу му помогна и неговиот ментор од „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, за што Јосифовски отворено зборуваше и во самото шоу.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Како што самит откри, проблемот со овој порок започнал уште додека бил тинејџер, кога настапувал со својот бенд.

Маркетинг

„Најпрво човек треба да признае дека има проблем, за да може да си помогне самиот на себеси. Беше таа почетна приказна, а поминаа четири години откако влегов во Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Беше тука првата сезона кога испаднав во четвртфиналето. Следната година се пријавив, но тогаш пиев. Работите не одеа баш најдобро, тоа беше некој мој проблем, но тоа тогаш не го знаев, живеев во илузија“, изјави Јосифовски во една пригода.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Јутјуб

Јосифовски потоа додаде и дека Ѓорѓе многу му помогнал да се извлече од канџите на овој порок.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Јутјуб

Тој тогаш за Гранд раскажа и дека со Ѓорѓе, додека бил на лечење, го излажале Саша Поповиќ дека е во Австралија.

„Приказната беше дека сум во Австралија, а бев на клиника“, раскажува Александар за „Гранд“ и открива дека таканаречените блокатори заради кои сега не смее да користи алкохол почнал да ги зима по убедување од неговиот ментор со кого и денес е во одлични односи.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Јутјуб

Но по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, на талентираниот пејач од Охрид животот му се промени за 180 степени.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, Јутјуб

Јосифовски денес е еден од најбараните изведувачи и тоа не само во регионот, туку и секаде каде што има дијаспора од Балканот.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Пред неколку месеци се врати од успешна турнеја во Америка со една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Лепа Брена.

Фото: Промо

Но тој наскоро треба повторно да се врати во оваа земја, но сега заедно со „Бјело Дугме“ и легендарниот Горан Бреговиќ.

Повеќе за ова прочитајте тука

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button