Реклама
Наши ѕвезди

На македонската Гранд ѕвезда му се остварува сонот – НЕГОВАТА ИСПОВЕД во шоуто ги расплака сите

Наскоро ќе пее и во државата во која што е роден, а во целата приказна е вмешан и Горан Бреговиќ

Реклама

Животот на пејачот Александар Јосифовски по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ потполно се промени.

Тој денес е еден од најбараните изведувачи и тоа не само во регионот, туку и многу пошироко, секаде каде што живее балканската дијаспора.

Пред некое време имаше успешна турнеја во Америка со една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Лепа Брена.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По оваа турнеја тој цело лето настапуваше заедно во регионот со Ѓорѓе Давид и уште неколку учесници во споменатото шоу, а како што деновиве објавија медиумите, наскоро заминува во Австралија.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Како што објави Гранд.онлајн, Јосифовски наскоро треба да замина во родната земја каде ќе настапи со „Бјело дугме“.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Ме очекува турнеја со Горан Бреговиќ и легендарниот состав кој токму во Австралија ќе прослави 50 години постоење“, изјави Александар за „Гранд.онлајн“ додавајќи дека е пресреќен што ќе има чест да настапува со музичарите кои во детството му биле идоли.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Инаку, младиот музичар денес живее во Охрид, а роден е во Австралија каде што ќе помине и еден дел од младоста.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

„Јас се родив во Сиднеј во Австралија, мојата мајка исто така е пејачка и беше на турнеја таму. Таа таму работеше многу, се случи турнејата во Австралија, тука го запозна и мојот татко и тогаш се родив јас“, изјави тој во една пригода во емисијата Гранд магазин .

„Јас имав осум месеци кога се вративме. Имав прилика да ја посетам Австралија кога имав 17 години, па тогаш некои седум-осум години живеев на релација. Тогаш веќе почнав да свирам, па музиката ме влечеше назад и тогаш се вратив тука“, откри тогаш Јосифовски кој сега е пресреќен што ќе настапува во оваа земја, и тоа со еден од најголемите негови музички идоли од младоста.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Тој тогаш отворено зборуваше за периодот кога се лечел од алкохолизмот и признава дека Ѓорѓе најмногу му помогнал.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Повеќе за ова прочитајте тука...

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button