Реклама
Наши ѕвезди

Македонската „Гранд ѕвезда“ го живее својот сон – беше алкохоличар, а сега се дружи со најголемите (фото)

Преку ноќ му се остварија најголемите желби во животот

Реклама

Александар Јосифовски по турнејата со Неда Украден во Америка замина на турнеја во Австралија со „Бијело дугме“.

Младиот пеја кој се прослави во „Ѕвездите а Гранд“, за продукцијата изјави дека оваа турнеја му значи многу во животот, посебно што треба да настапува со бендот со чии песни постигна најмногу додека се натпреваруваше во шоуто.

„Нема да го заборавам тој момент пред концертот во Австралија, стоев и почувствував дека треба да дадам 300 отсто од себеси. Имаше и трема и одговорност и среќа која што не може да се опише со зборови“, истакна Александар за „Гранд“. Тој потоа додаде и дека на турнејата најмногу време e со Тифа кој е еден од неговите музички идоли.

Маркетинг

Фото: Приватна архива

„Го запознав Тифа пред неколку години кога со Ѓорѓе Давид бев во Сараево на прославата 40 години постоење на „Дивље јагоде“ и да бидам искрен бев изненаден што Тифа се сети на мене, секако дека тоа ми беше посебно драго. Тифа е еден од моите идоли и тргнав по музичкиот правец по кој и тој одеше додека Господ чекореше по земјата“, изјави Јосифовски за порталот „Грнд.онлајн“.

Маркетинг

Фото: Приватна архива

Потсетуваме, Јосифовски покрај овие две турнеи минатата година му се оствари и еден од најголемите сонови кога на првата турнеја во Америка беше со една од најголемите музики ѕвезди од регионот, Лепа Брена. Тој, исто така, уште додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ отворено зборуваше и за својата борба со алкохолизмот, во која многу му помогна неговиот ментор Ѓорѓе Давид, а откако ја победи зависноста, животот потполно му се промени.

Фото: Приватна архива

Повеќе за ова прочитајте тука

Бонус видео

Новaта песна на Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button