Реклама
Холивуд

Кристијано Роналдо сепак ќе скокне во тавче – познатиот фудбалер ја запроси Георгина

Реклама

Иако се зборуваше дека ќе живеат во вонбрачна заедница, Кристијано сепак одлучи да ја запроси саканата…

Еден од најдобрите фудбалери на светот одлучи својата долгогодишна врска да ја круниса со брак. Како што пренесуваат странските медиуми, фудбалерот ја запроси манекенката Георгина Родригез (24) со која пред година дена ја доби ќерката Алана Марина (инаку четврто дете на Роналдо).

Маркетинг

Кристијано ја запроси Георгина, и ќе се свршат, но многу малку луѓе ги знаат деталите. Но познато е дека таа веќе пробала неколку венчаници, објасни извор близок за португалскиот лист „Кореијо да Манја“.

Маркетинг

https://twitter.com/Cleansheet/status/1063025115389059072

На социјалните мрежи се појавија и фотографии од свршеничкиот прстен, па сега сите се нестрпливи и за свадбата за која ќе се зборува долго време.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button