Реклама
TV

“Знаеше дека сум женет но прифати да бидеме заедно, жал ми е за неа, беше затрескана”: Шокантна исповед на познатиот пејач за врската со Тања Савиќ!

Тања на почетокот на кариерата беше во врска со познатиот пејач...

Реклама

Уште од самиот почеток на нејзината кариера Тања Савиќ ја следат најразлични скандали и шпекулации.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Постојано се пишуваше за нејзиниот љубовен живот, за тоа дека се скарала со својата најдобра пријателка поради момче, но сега после долго време повторно во јавноста излезе веста за нејзината врска со оженет пејач.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Имено поранешното момче на Тања Савиќ популарниот пејач Баџи, бил во брак додека се забавувал со неа.

Маркетинг
фото инстаграм/Тања Савиќ

Наводно, пејачката две години била во врска со Станко Недељковиќ попознат како Баџи кој наводно јавно истакнал дека пејачката знаела дека тој е женет, па поради таа причина не сакала за медиумите да зборува на оваа тема.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Наводно Тања била лудо вљубена во Баѓи што дури и не и пречело што тој бил женет.

Маркетинг
фото инстаграм/Тања Савиќ

– Тања од почетокот знаеше дека сум женет и никогаш не ми побара развод. Можеби и беше јасно дека никогаш нема да го направам тоа. Нашата врска немаше иднина. Не ѝ дадов лажна надеж или лажни ветувања.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Речиси целото време што го поминавме заедно бев во алкохолизирана состојба, па не се сеќавам на многу работи. Она малку време кога бев трезен, ме гризеше совест. Ми беше жал за Тања. Не ѝ посветував доволно внимание, не се сеќавам дека сум и дал нешто – изјави своевремено поранешното момче Тања Савиќ и истакна дека ставил точка на таа врска бидејќи нема смисла да задржи млада и надежна девојка покрај него.

Фото инстаграм/B A Đ I music

Да потсетиме, Тања и Баѓи се запознале додека пејачката се натпреварувала во „Ѕвездите на Гранд“.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Набргу откако се запознале, започнале врска која траела две години, а раскинувањето се случило кога Тања започнала врска со Дарко Филиповиќ.

Фото инстаграм/B A Đ I music

Во тој период, на прашањето дали има момче, Савиќ одговорила потврдно, но никогаш не сакала да го открие неговиот идентитет.

Фото инстаграм/B A Đ I music

Да потсетиме, пејачката Тања Савиќ е мајка на синовите Ѓорѓе и Максим а пред две години поднесе барање за развод по 11 години брак.

Тања по агонијата низ која помина реши максимално да се посвети на децата и кариерата.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Сè уште не е се одлично и прекрасно во мојот живот. Моите емоции беа „закопани“ долго време, сега излегуваат на површина. Ми се случува да сум тажна, а не знам зошто, нешто ме кочи. Често плачам кога сум сама – рекла Тања во една прилика.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Што се однесува до гледањето, татко им не се огласува, не знам што да кажам за таа работа. Тој не ги гледа. За моите деца можеби и би го издржала тој страв и стрес само тие да се среќни, ќе продолжам да го правам тоа, кога сакаат да го видат им дозволувам, но ние во заедница не можеме да бидеме. Татко им не им се јавува – нагласи Тања по драмата која ја доживеа со Душко Јовановиќ.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button