Реклама
Наши ѕвезди

За жените овој СУПЕРХЕРОЈ е совршен маж кој изгледа како БОГ, а тој 33 години е опседнат само со една жена: Сопругата како дете ја видел на телевизија и се вљубил

Реклама

Во саботата холивудскиот актер Џејсон Момоа го прослави 41. роденден, а во петтата деценија згази ккао човек со титула „најсекси маж на планетата“. Поради карактеристичниот див изглед, извајано тело и фактот дека им пркоси на нормите, и живее опуштено и слободно – Џејсон е олицетворение на совршен маж за жените ширум светот.

Актерот Џејсон Момоа доживеа неверојатна популарност откако го толкуваше ликот на Кал Дрог во првата сезона од серијата „Игра на престоли“. Маркантен, згоден и мускулест, многу брзо им стана миленик на жените ширум светот, а заштитен знак му е долгата коса „џипси“ стил по кој е стана препознатлив.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BtTw49YgJcH/?utm_source=ig_embed

На неговата магија падна и неговата сопруга Лиса Бонет која прв пат ја видел кога имала само 8 години.

Маркетинг

– Кога имав 8 години и кога ја видов на телевизија, реков: „Мамичке, неа ја сакам“, откри тој во една емисија во 2017 година.

https://www.instagram.com/p/B7RPvsBge5a/?utm_source=ig_embed

Џејсон уште во детството сфатил дека таа е жената на неговиот живот, но ниту можеч да сонува дека ќе се занимава во работата со која сега заработува за живот. Неговата мајка Кони, која се занимавала го уметност, го растела сама после разводот од сопругот Јозеф. Растејќи со неа, светот го гледал со нејзините бои и сликите кои ги сликала, што го поттикнало да се занимава со уметност. Покрај тоа, голема инспирација наоѓа во популарните телевизиски серии, а во една ја здогледал убавата актерка Лиса Бонет. Таа му била голема инспирација и пример, дури тогаш си направил и фризура каква што имала таа.

Лиса ја запознал кога живеел во хотелска соба, воодушевен од фактот што ќе ја сретне преубавата актерка од детството која го маѓепсала. Магијата не престанувала со текот на времето зошто не можел да и одолее, па ја повикал на прв состанок, а после тоа морал да ја заболи да го вози, зошто во тој момент немал свој автомобил.

https://www.instagram.com/p/CDSyY1GD2NU/

– Помислив дека ќе ја демнам до крајот на животот и дека ќе ја освојам. И на тоа навистина му се посветив. Не сум ѝ го кажал тоа се до моментот кога ги добивме двете деца, инаку би бил малку чуден. Отсекогаш сакав да ја запознам, отсекогаш за мене беше кралица, изјави тој.

На крајот се потврди дека навистина се нашол во вистински момент на вистинско мести.

https://www.instagram.com/p/Bx9Rv2lg5HE/?utm_source=ig_embed

Лиса се согласила на се и кога во кафулето го порачала неговото омилено пиво, едноставно знаел дека таа е неговата сродна душа, а се останато е историја.
Двојакта се венчаше во 2017 година на интимна церемонија во Топанга, каде и денеска живеат со ќерката Лола Иолани Момоа и синот Нак – Волд Манакауапо Намакаео Момоа. Исто така имаат и три кучиња, магаре, немаат телевизор во куќата, а имаат и минимален број работи и мебел од пластика.

Инаку, Лиса пред Џејсон беше во брак со пејачот Лени Кравиц и со него ја доби ќерката Зои Кравиц која има 31 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button