Реклама
Холивуд

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња го изгуби животот во хеликоптерска несреќа

Реклама

Како јавуваат американските медиуми, во неделата животот го изгуби легендарниот кошаркар Коби Брајант (41).

Информацијата ја пласираше познатиот портал „TMZ“, а според првичните сознанија се срушил хеликоптерот со кој леташе легендарниот кошаркар. Во хеликоптерот заедно со него била и 13 годишната ќеркичка.

Маркетинг

Страшната несреќа ја потврди и локалниот шериф.

Како што тврди истиот извор, покрај Брајант и неговата 13 годишна ќерка, настрадале уште три други лица.

Хеликоптерот паднал во Калабасас, Калифорнија, и според информациите на лице место настрадале сите што биле во хеликоптерот.

Падот се случи во близина на вилата на Кортни Кардашијан, тврдат некои американски медиуми.

Коби Брајант од 1996 го 2016 играше за Лос Анџелес Лејкерс, по што замина во пензија. Со овој тим пет пати ја има освоено НБА лигата, а со репрезентацијата на САД ги освои Олимписките игри во Пекинг и Лондон и важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Брајант никогаш го нема променето клубот.
Цел живот играше за Лејкерски, со кои пет пати беше НБА шампион – 2000, 2001, 2002, 2009 и 2010.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button