Реклама
Холивуд

Бракот на Џорџ и Амал Клуни на лабави нозе – клечел на колена и ја молел да остане со него?

Реклама

Џорџ Клуни важи за еден од најдобрите холивудски актери, но кога е неговиот брачен живот во прашање, односно неговата улога како родител во бракот со Амал Клуни очигледно дека не може да се пофали баш многу.

Имено неговите коментари што ги соопшти како гостин во едно неодамнешно популарно шоу, а кои се однесуваа во врска со раѓањето на кралското бебе, поприлично ја вознемирија јавноста. И додека некои фанови се смееја на неговите фори за лошото родителство и дека не би сакал да биде кум бидејќи одвај издржува и како новопечен татко, неговата сопруга во последно време не ја гледаме во весели изданија, и таквото нешто го смета за детинесто и непримерно.

Маркетинг

„Џорџ постојано зборува дека е лош татко, а тоа само дополнително ја влошува ситуацијата во нивниот брак кој е на лабави нозе“, признава извор за странските медиуми кој е близок со познатиот холивудски пар,

Нивниот брак наводно станал толку неиздржлив што Амал неколку пати му поставила услов да се промени или ќе си замине со децата. Според истиот извор Џорџ ја молел, па дури буквално и на колена и ветувал дека ќе се промени, само да не го напушти и да остане со него.

Маркетинг

Ваквите проблеми во нивниот брак не се никаква новост. Според тврдења на други извори кои се блиски до парот, тие двајцата се потполно различни карактери, па тоа е и причината за нивните расправии. Убавата адвокатка, наводно, на почетокот го поднесувала тоа што Џорџ е таков каков што е, но се надевала дека кога ќе стапат во брак ќе се промени.

Од друга страна и на Џорџ воопшто не му е сеедно. Нему му е јасно дека ова му е последна шанса за брак бидејќи веќе има 56 години. Според зборовите на изворот, Џорџ и ветил на Амал дека ќе се промени и дека е подготвен да направи сé што е во негова моќ за конечно да „порасне“.

„Тој се согласи дури и да оди на терапија. Ќе направи сé само неговата убава сопруга да биде среќна со него. За него развод не е опција“, вели изворот.

„Имам прекрасна жена и две прекрасни деца“, изјави актерот во едно негово неодамнешно интервју за американските медиуми, наведувајќи дека некогаш живеел безгрижен живот без многу размислување, но дека сега, откако му се родиле децата, неговите приоритети потполно се промениле.

Како што вели самиот актер, тешко можете да функционирате кога секој ваш потег го следи будното око на јавноста. Тој е познат и успешен актер, а Амал една од најпознатите адвокатки за човековите права на светот. И двајцата имаат успешна кариера, а единствена цел им е да ги заштитат и правилно воспитаат своите 2 годишни близнаци.

„Џорџ можеби повремено се шегува, но тој навистина се грижи за семејството и сака да ги заштити од јавноста, папарацата и медиумите. Нема да дозволи ништо да го промени нивниот мир, па дури ни неговото понекогаш ‘детско’ и глупаво однесување“, вели изворот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button