Никол Кидман ги отфрли фустаните и во ова ново модно издание изгледа фантастично!

ADVERTISEMENT

Поради новиот филм во кој ја глуми улогата на детективката Ерин Бел, Никол Кидман стана речиси непрепознатлива.

Таа на свечената лондонска премиера во склоп на „BFI Film Festival“ ги воодушеви сите со своето елегантно издание.

ADVERTISEMENT

Имено, Никол раскошните тоалети со кои ја стекна титулата за една од најдобро облечените холивудски ѕвезди на црвениот килим, одлучи накратко да ги запостави во прилог на класичниот црн костум.

Совршениот комплет од панталони и блејзер со сатенска јака и панделка на реверот убавата актерка го комбинираше со светкава кошула во впечатлива розова боја и црн детаљ што потсетува на тенка вратоврска.

ADVERTISEMENT

Нејзината најнова комбинација што ја „фураше“ на црвениот килим е дело на славниот Џорџо Армани, а целосното издание го заокружи со модерни црни шпиц чевли и децентни обетки со кои ја украси убавата фризура.

Па, дали ви се допаѓа Никол во ова издание?

Facebook Comments
(Visited 5 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT