Прва слика од трудничкиот стомак на Ана Севиќ – по драмата со коронавирусот, погледнете како оваа мама изгледа сега (фото)
Пејачката и нејзиниот избраник за кој медиумите пишуваа дека прележал коронавирус, наскоро ќе добијат дете
Пејачката Ана Севиќ е во блажен состојба и наскоро со својот партнер Даниел Недељковиќ ќе добијат наследник.
Ана веќе има ќеркичка Лорена со пејачот Дарко Лазиќ, а неодамна откри дека повторно ќе стане мајка на девојче.
Ана сончевите летни денови ги поминува на одмор, но не сакаше да открие на која локација се наоѓа.
Вчерашниот ден го помина на јахта, а нејзината широка насмевка зборува за тоа колку ужива во бременоста.
Таа прв пат го покажа својот труднички стомак, позирајќи во костим за капење и со тоа ги воодушеви сите.
Еве како Севиќ изгледаше на Инстаграм:
Инаку, свршеникот на пејачката Ана Севиќ, Данијел, пред неколку недели беше позитивен на коронавирус.
Како што тогаш пишуваа регионалните медиуми, Даниел не беше сигурен каде успеал да се зарази, посебно затоа што не се движел премногу затоа што неговата сакана е во блажена состојба. Таа и нејзианта ќерка Лорена беа негативни.
„Точно е дека имам корона, но добро се чувствувам. Крвта и урината ми се одлични“, вели тој и додава дека постојат многумина кои не се сигурни дека имаат вирус и дека можат да бидат преносители, па можеби така го пренеле вирусот и на други.
Тој се посомневал во Ковид кога почнал да му тече носот.
„Ме скокоткаше во грлото и се делуваше како да е обична настинка. Направив тест кој излезе дека сум позитивен“.
„Знам дека многу луѓе имаат висока температура и завршуваат во болница, но јас имав среќа. дома примам инфузија и земам витамини. При крај на неделата повторно ќе се тестирам и се надевам на добри резултати“ изјави тогаш Даниел.
Тој изолацијата ја помина во исиот стан со Ана и Лорена, но потполно изолиран и немаше никаков контакт со нив.
Пејачката му ја подготвуваше храната и му ја оставаше пред вратата, се до првиот негативен тест.