По шест месеци отсуство поради пораѓањето, Кејт повторно воодушеви со својот изглед!
Откако го роди синот два пати се појави во јавност, но деновиве имаше официјални должности кои мораше да ги заврши.
Кејт Милдтон се појави на првата кралска должност откако шест месеци беше на породилно отсуство. Таа беше во посета на „Сајерс Крофт“ школото кое се бави со спојување на деца од центарот на градот со природата. Активноста вклучува прошетки низ шумата, покрај другите активности поврзани со природата, а војвотката одлично се снајде во обврските.
Откако е на пауза поради раѓањето на синот, принцот Луис, Кејт два пати се појави во јавноста, на роденденот на кралицата и на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.
Војвотката и овој пат ни покажа дека не е од оние дами што за одредени настапи само еднаш ќе носат иста облека, туку повеќе пати се има појавено во истите парчиња што ги носеше и сега. Тука пред се мислиме на нејзините омилени кожени чизми од марката Пенелопа Чиверсанд кои досега многу пати ги има носено, како и тесните кафеави фармерки.