Памела Андерсон VS #МеТоо: „Ако ве викнат на деловен состанок во хотел и ви ја отворат врата во бањарка, НЕ влегувајте! Или ако веќе одлучивте да влезете …“
Памела не го подржува феминистичкото движење #MeToo!
Во нејзиното најново интервју кое минатата недела го даде за популарната австралиска емисија „60 минути“, актерката го критикуваше движењето со изјава дека целата работа сега веќе отишла и предалеку.
„Мислам дека феминизмот може да отиде предалеку“ изјави Андерсон, а по некое време додаде: „И јас сум феминистка, но сметам дека феминизмот од третата генерација е глупост и ништо повеќе од тоа.“
Памела која исто така била жртва на сексуално вознемирување, изјави и дека движењето #MeToo го смета за голема глупост која ги парализира и уништува мажите. „Сето ова е премногу за мене, жал ми е, најверојатно ќе бидам распната што го кажав ова, но работата одите предалеку“ вели таа.
Памела зборуваше и за обвинувањата кон Харви Вајнстајн кој е обвинет дека сексуално вознемирувал неколку познати актерки во Холивуд меѓу кои и Салма Хајек и Рос Мекговен, и објасни дека луѓето треба да имаат свест за сопствената сигурност и за своите морални постапки.
„Мојата мајка ме научи дека не треба да одам во разни хотели со странци. Ако некој ви отвори врата од собата облечен само во бањарка, а во прашање е деловен состанок, можеби тоа е доволен знак дека не треба да влезам внатре. Мислам дека некои работи се просто логични… или ако веќе одлучите да влезете… па добијте ја работата! Жал ми е, но јас едноставно го зборувам она што го мислам, можеби не сум политички коректна“, заврши таа.
https://www.instagram.com/p/BoqwCndlpKi/
Инаку, Андерсон порано призна дека и самата била жртва на сексуално вознемирување и дека како мала, кога имала само 12 години, била злоставувана од дадилката.