Нашата Гранд ѕвезда има ПРЕКРАСНА МАЈКА – еве од кого Мими ја наследила убавината
Македонија има нова музичка ѕвезда со која се гордее.
Младата пејачка Мими Јовановска на големо го освојува регионот со својот ангелски глас.
Мими се натпреварува во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде уште со својот прв натап го воодушеви жирито кое за неа вели дека ги има сите предиспозиции да стане Гранд ѕвезда и победник на шоуто.
„Ѕвездите на Гранд“ е музички натпревар на кој многу македонски музички имиња се пријавуваат со цел да напредуваат во кариерата. „Ѕвездите на Гранд“ во моментов важи за најгледана музичка емисија на Балканот.
Со учество во овој натпревар младите музички имиња добиваат можност да го покажат своите музички таленти и за нив да слушне регионот.
За многу македонски пејачи учеството во ова шоу служеше како отскочна даска да се стекнат со популарност и да продолжат самостојно да настапуваат.
Македонија беше особено горда кога охриѓанецот Ристе Ристески победи во ова шоу.
После него, младата Мими ни влеа надеж дека Македонија може да биде повторно победник. Мими е од Велес, има завршено средно музичко училиште, а студира педагогија.
Таа уште со својот прв настап беше освежување и изненадување како за жирито, така и за публиката. Нејзиното прво „ДА“ следуваше од Џенан Лончаревиќ, додека Ѓорѓе Давид викаше на сиот глас „Таа може“.
Со своите интерпретации таа ги освојува публиката и жирито, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.
„Таа има се што и е потребно на една пејачка. Има добар фалсет, добра динамика“, изјави тој во една пригода за неприкосновениот талент на Мими.
Пред неколку месеци таа го остави жирито без зборови со својата изведба на безвременската бала од Пепи Бафтировски „Ако згрешам нека изгорам“ и „Животе мој“ од Уснија Реџепова.. Младата Мими оваа песна ја изведе на генијален начин и предизвика овации кај публиката. Од жирито доби само пофални зборови. Сите беа воодушевени од нејзиниот глас и не го криеја тоа.
„Нема ништо поубаво од тоа да се слушне некој кој знае да пее. Сите плачат поради тебе Џенане“, изјави Снежана, со оглед на тоа дека Џенан Лончаревиќ, како член на гостинското жири, е ментор на нашата Јовановска. Џенен исто така беше воодушевен, а потоа започнаа да се редат и коментарите.
„Пееше како најскапиот швајцарски часовник“, изјави Марија Шеривовиќ, а Ана Бекута се надоврза:
„Ја запознав Мими, таа оваа песна не ја слушнала претходно, никогаш не ја пеела. Таа го направи тоа феноменално“.
Сите беа воодушевени посебно што Мими до самата проба ја немала слушнато втората песна, но брзо ја научила и ја репродуцирала генијално, што посебно ѝ се допадна на Марија.
Марија Шерифовиќ тогаш спомна дека Мими со тоа треба да им биде пример на сите кандидати кога ќе кажат дека не знаат некоја песна дека треба да ја научат како неа.
Мими деновиве гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител телевизија. Во емисијата откри детали за шоуто, но и работи од приватноста.
Талентираната пејачка кажа дека не заеле дека е пријавена во шоуто, сѐ додека не добила телефонски повик од продукцијата.
Во „Ѕвездите на Гранд“ ја пријавила нејзината мајка. Младата пејачка истакна дека нејзиното семејство е нејзина најголема поддршка во кариерата.
Талентот за музика го наследила од нејзината мајка, која исто така имала музичка дарба.
Она што може да се забележи од фотографиите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи е нејзината неверојатна сличност со мајка ѝ.
Пејачката вели дека често добиваат коментари дека личат на сестри.
Нејзината мајка и помладиот брат живеат во странство, па Мими е особено среќна кога тие се враќаат во Македонија.
Со своите одлични изведби Мими го освои Балканот и се стекна со популарност, но сигурни сме дека за нејзиниот глас и талент набрзо ќе слушне и светот.