Мајката на Марина Гагиќ е појака баба и од Цеца – на оваа фотографија ИЗГЛЕДААТ како да се сестри, а не мајка и ќерка!
Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ овој јуни го прославија првиот роденден на нивниот син Алексеј.
Тие роденденот го прославија во интимна атмосфера, само со најблиските, а фановите беа воодушевени од тоа како изгледаше марина
Марина често го привлекува вниманието на медиумите и е поприлично популарна на социјалните мрежи, но ретко кој знае како изгледаат нејзините родители.
Сопругата на популарниот пејач за време на бременоста на својот профил на Инстаграм сподели една фотографија на која е со својата мајка која толку добро изгледа што многумина би кажале дека се сестри, а не мајка и ќерка, а за некои би било неверојатно и тоа што таа всушност е баба.
Тие двете тогаш позираа во автомобил, а фановите коментираа дека и таа изгледа феноменално.
Инаку, на прославата што ја организираа Дарко и Марина деновиве за роденденот на нивниот син, не беше Лорена, неговата ќерка од бракот со Ана Севиќ.
Познатиот пејач тогаш изјави дека неговата поранешна сопруга наводно глумела лудило заради короната и не сакала да му ја даде ќерката, но на крај излезе дека нејзиниот свршеник, Даниел, е позитивен на корона.
Тој не е сигурен каде успеал да се зарази, посебно затоа што не се движел премногу затоа што Ана е во блажена состојба.
Тој се посомневал во Ковид кога почнал да му тече носот.
„Ме скокоткаше во грлото и се делуваше како да е обична настинка. Направив тест кој излезе дека сум позитивен“.
Тој се уште живее во исиот стан со Ана и Лорена, но потполно е изолиран и нема никаков контакт со нив. Тој додаде дека пејачката му ја подготвува храната и му ја остава пред вратата, и дека деновиве ќе се тестира повторно.