Реклама
Блог

Кратка приказна за ноќта на машинките за шишање и Сваровски обетките на Фатиме Фетаи

Реклама

Фатиме во очите на нашите независни медиуми!

Нешто што помина незбележано од  страна на „независните“ медиуми овие денови, а кое е крајно поразително е тоа што ниту еден од нив не се фокусираше и не ја обработи темата за Фатиме и нејзиниот дебакл против Груевски кој се случи речиси паралелно со „ноќта на ножевите“, односно никој не анализираше дали ова два настана имаат нешто заедничко?!

Маркетинг

Имено додека сите медиуми се фокусираа на протестот на ВМРО-ДПМНЕ  пред ДИК во исто време со случи судењето на Никола Груевски, Миле Јанакиевски и пратеничката Даниела Рангелова (и тоа апсурдот да биде уште поголем, случајот е за шамарите и протестот пред општина Центар!). Е сега прашање е зошто „независните“ медиуми не се позанимаваа малку посуштински кога како кула од карти паднаа доказите на Фатиме Фетаи против обвинетите.

Имено, Фетаи реагираше дека добила покана за главна расправа, додека судијката Татјана Михајлова која го водеше овој процес бараше од неа да се произнесе за доказите (како во турските серии, нели?). Фатиме побара од судот да дозволи на посебен начин да учествува загрозен сведок во постапката (од милион сведоци кои можеа да бидат повикани во овој процес!), односно да сведочи преку видео со изменет глас и изглед бидејќи се плаши за својата безбедност (а ова дело е едно од најтривијалните во однос на сиот криминал за кој се зборуваше во измиматиов период), како и да бидат прифатени ЦД-ата со снимките како докази (!).

Маркетинг

Но адвокатот на обвинетите, Додевски побара да не се прифатат и двете барања на специојалната јавна обвинителка како незаконити, односно загрозени сведоци за вакви дела не можат да бидат земени како докази (за ваков тип на дела всушност и воопшто не постои пракса, односно апсурдно е да има загрозени сведоци!), како и тоа дека не го прифаќаат СД-ата затоа што станува збор за незаконски прислушувани разговори, што повторно е сосема во ред.

И двете барања на адвокатот беа прифатени од страна на судијката, што е и логично,  но не е логично зошто жустрата и опасната Фатиме Фетаи која се прослави со нејзините непоштедни настапи, немаше никаков коментар за медиумите по ова судење.

Вистинското прашање е како можеше СЈО да постапи вака „непрофесионално“ и да дозволи клучните докази за делото, односно самата стратегија да падне во вода и да претрпат ваков пораз уште во првиот чин кога е Груевски во прашање, како и зошто ниту еден „независен“ и „соросов“ медиум не се позанимава малку посериозно на оваа тема?

И дали Фатиме Фетаи и нејзината дружина (односно плус-сајз судијката Катица и шармантната синоока девојка со убавата боб фризура) беа до толку фаворизирани во опозициските медиуми и тоа само со една задача – полесно да се донесат ослободителни пресуди за главните виновници на кои сите ќе им веруваат, а најмногу шарените револуционери од првите редови (а сите останати, односно неподобните, има да го кркаат!)? И дали самите протести против ДИК и жестоката реторика како ноќта на ножевите всушност беа само спин за чудниот судски епилог?

Одговорите на овие прашања ќе ги добиеме кога ќе завршат судските процеси (или барем овој со шамарите), а што се однесува до тоа зошто „независните“ медиуми не го апсорбирале овој аспект и не направиле анализа, најверојатно одговорот се крие во тоа што и тие се дел од големата слика која треба да и се пласира на јавноста, односно станува збор за медиуми (па и новинари) кои можат да го сработат само она што ќе им биде зададено, само она што се бара од нив, а не и она што навистина треба да не загрижиува и за кое треба отворено да се зборува.

Да не беше така,  нашите „врвни“ новинарски пера одамна ќе зборуваа јавно за Контаминас и целата грчка тајфа која е вклучена во проектот Скопје 2014 и ќе ја бараат вистината зошто и каква е нивната улога во целиот тој процес, а не да бидат изненадени од ексклузивноста на информациите кога „локален“ шпион како Богоевски ќе ја пласира тезата на ТВ со национална концесија, но само накратко, за потоа повторно да заборават на истата тема, за на крајот да биде општо прифатена како небулоза на стариот искусен шпион (а всушност Контаминас е првиот сопственик на хотелот на плоштадот Македонија, како и човекот кој Георгиевски јавно на ТВ Телма спомна дека токму на неговата јахта биле организирани разговори со Мицотакис!).

Или наместо да зборуваат за сваровски обетките на Фатиме Фетаи кои очигледно не поминаа незабележано, да побараат одговор за нејзиниот „ноншалантен“ и крајно „непрофесионален“ настап против Груевски и Јанакиевски.

Но не видовме ништо од тоа, како ни една проста проширена статија во која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат прогласени за најголеми губитници на изборите бидејќи имаат изгубено 19 места во собранието, и сега немаат стабилно мнозинство, нешто што впрочем го забележа и Питер Ванхауте, па и Ермира Мехмети, но очигледно не и нашите „независни“ новинари. Односно сите се зафатија за препројувањето и за ненадејната победа на ВМРО од која многумина останаа изненадени (и разочарани). И наместа да се признае пировата победа, ние глумејќи ја боженствената политичка комедија со чадорот во главаната улога одиме во ново продлабочување на кризата.

Таквото глумење лудило покрај тоа што има намена да создаде страв и хаос во психилогијата на јавноста, на крај највероајтно ќе не донесе и до нова „преодна“ влада која би го одредила траекторијата по која ќе се движи Македонија во следниот период. Но за тоа никој не пишува, секако!

Од друга страна, никој не го спомна и тоа дека ВМРО во опозиција, и процесирање на СЈО на главните актери во оваа партија би значело крајно турбулентна и непредвидлива ситуација, најверојатно многу полоша од оваа сега, на работ од граѓанска војна и тоа би важело и кога тие навистина би ги изгубиле изборите, со сериозна разлика, што би можело лесно да се случи кога би имале сериозен противник од другата страна. А тоа, сега за сега, го нема. Зошто?

Можеби токму тоа е она за што треба отворено да зборуваме!

Божјите заповеди според Груевски и новите Вмровци >>

Робин Худ Џуниор

Текстот прв пат беше објавен во декември 2016, непосредно по „македонската ноќ на долгите ножеви“, односно по протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button