Реклама
Наши ѕвезди

Тој постојано ја гушка, а таа се топи и ужива покрај него – ќерката на Велија никогаш не била посреќна

Популарниот пар објави романтично видео и на сите им покажаа како уживаат во љубовта

Реклама

Македонскиот пејач, продуцент и композитор Роберт Билбилов на својот Инстаграм профил покажа како го минува времето со својата сакана.

Имено, тој веќе некое време е во врска со Лејла Рамковска, инструкторка по јога и ќерка на Велија Рамковски.

Тие откако открија во јавноста дека се заедно, не се одвојуваат еден од друг, а тоа може да се забележи и од нивните објави.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Тие речиси секој момент го минуваат заедно, а од објавите можеме да видиме и колку внимание посветуваат еден на друг.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Познатиот пар овој пат се снимаше додека лежеа на лежалките во еден хотел во Грција и уживаа во прекрасното зајдисонце.

Можеме да видиме како и двајцата се топат кога се еден покрај друг, а оваа љубовна идила мораа да ја споделат со фановите.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Потсетуваме, Лејла е ќерка на сопственикот на некогашната телевизија А1, велија Рамковски, за кого во една пригода за Гламур магазин ќе открие дека има голема поддршка од него за сé во животот.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

„Татко ми е мудар човек и голем мотиватор, огромна поддршка за се во животот а посебно советите кои ми ги дава на професионален план премногу значат“ изјави тогаш Лејла, па додаде:

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

„Ме воспитуваше да бидам скромна, материјалните работи да не ми се сé во животот. Затоа сум среќна. Од него учам како да го цениш секој миг, и во моменти кога можеби се чувствувам обесхрабрено/ уморно, ме потсетува на големата слика и нa тоа колку сум постигнала“, изјави тогаш Лејла.

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button