Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Боки им го честиташе поразот на СДСМ – по шокантната исповед нова шок фотографија

Боки не заборава на „пријателите“

Реклама

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 во текот на вчерашниот ден реши да ја изврши својата граѓанска должност.

Откако бројни наши познати фаци се појавија на избирачките места и со свои објави ги повикаа следбениците да излезат и да гласаат, тоа го направи и контроверзниот Боки кој деновиве е во центарот на вниманието.

Имено, тој на своите профили на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои е со својата мајка Јасмина Јовановска.

Маркетинг

Инстаграм/ Бојан Јовановски

И двајцата облечени во костуми во сина боја се појавија пред училиштето Георги Димитров каде што го остварија своето право на глас.

Маркетинг

„Заедно со мајка ми излеговме и гласавме, го остваривме нашето право на глас за двата изборни процеси, важно е денеска да покажеме достоинство, одважност и сигурност!!! Црвено за радост и љубов, црвено за Македонија“, напиша Боки алудирајќи на црвените кондури, но и на блуската со црвено-бели риги што ја носеше и која потсетува на оние затвореничките.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки потоа објави уште неколку фотки со кои им го честиташе поразот на СДСМ, а облечен вo истата блуска направи селфи и напиша:

„Секто, ајде пријатнооо, бај бај, засекогаш и вакво зло како вас никогаш да не се повтори, напиша Боки под следната фотографија.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, Јовановски вечерта пред изборниот молк повторно гостуваше во поткастот кај јутуберот Стефан Лазаров.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

За време на неговото гостување му се јави неговата мајка и му соопшти дека дошла полиција во нивниот дом, а утредента Боки беше повикан во полициска станица каде беше на информативен разговор заради пријава.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Имено, Јовановски полицијата го бараше додека беше на поткастот, а како што откри тој, подносител е Зоран Милески Кичеец.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој претходно го обвини истото лице дека преку посредници му се заканува да не гостува во поткастот, а сега истото лице го пријавило.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Запрашан дали се плаши за неговиот живот, Боки изјави дека нема конкретен став за тоа, но и дека треба да биде внимателен.

Инстаграм/ Бојан Јовановски

Повеќе за неговото шокантно гостување кај Лазаров дознајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button