Блог

Шокантна исповед на една млада девојка од Македонија: „Се заљубив во сопругот на другарка ми“

Знам дека многумина ќе речете дека ова не е ништо ново, но јас веќе не можам да живеам со ова откако го дознав и морам да го споделам со сите.  Ве молам да го споделите на вашиот портал ова мое писмо, ваква порака ни пристигна во инбокс пред извесно време.

Реклама
Реклама

Здраво, јас сум Сања од Скопје, имам 35 години, но ова не е приказна за мене. Сакам да ви раскажам нешто за мојата братучетка. Знам дека многумина ќе речете дека ова не е ништо ново, но јас веќе не можам да живеам со ова откако го дознав и морам да го споделам со сите.  Ве молам да го споделите на вашиот портал ова мое писмо, ваква порака ни пристигна во инбокс пред извесно време.

Наша чителка си ја отвори душата за Гламур.мк.

Мислам дека треба да зборуваме гласно за ваквите ситуации, да се поддржуваме и да си помагаме низ примери. Затоа што кога се молчи се случуваат само лоши работи, тоа ми се докажало безброј пати. Искрено се надевам дека ќе добијам и некој совет од вас, напишала таа.

Маркетинг

Се започна некаде околку Нова година. Братучетка ми, Викторија  и јас сме како „близначки“ таа има 37 години и е до Струмица има брат близнак Виктор, но со мене е многу поблиска. Цел живот сме растени заедно, на одмори заедно уште како деца. Мојата мајка и нејзината се сестри. Чинам нас две повеќе не врзаа отколку тие две што се приврзани.

ИЛУСТРАЦИЈА

Многу ја сакам и не можам да дишам без неа. Вики  ги знае сите мои тајни и јас мислев дека ги знаев нејзините , се до пред некој месец. Кога како што ви открива насловот ми раскажа нешто што во исто време ме згрози, разочара, налути, но и растажи за неа. Мене ми стана жал за неа! Нормално ли е да жалиш некого кој е натрапник?

Маркетинг

Не сакам да ја наречам така, таа ми е крв, моја душа и љубов, но во ситуацијава не е во право. Или е?

Да почнам од почетокот, на 23 декември 2022 година, Вики дојде во Скопје. Се договоривме да земе денови од одмор да поседи малку кај мене, да одиме до Маврово некој ден, а Нова Година да славиме во Скопје со мое друштво во еден популарен локал. И јас и Вики сме сингл, се уште го бараме ВИСТИНСКИОТ.

ИЛУСТРАЦИЈА

Се одеше по план и си поминавме секаде „лудница3, но вечерта на 31 декември уште пред 12 да дојде, Вики се направи лом. Не знаеше што зборува, испи премногу, чинам и немаше само алкохол во неа. Никогаш не сум ја видела во толку лошо издание. Ние пиеме, се журкаме до макс, но секогаш сме достоинсвени и со усул. Ова што го гледав пред мене не беше мојата братучетка.

Се обидував да ја приберам, ја опоменував неколку пати, таа се смееше неартикулисано и во еден момент ми заврза шамар.

Збеснав! Ја повелков за рака и ја одвлечкав до таолетот, таму гужва, ја измкнав надвор, таму едне куп пушачи. Почнав да се тресам и да ми течат солзи, а не знам зошто. Шамарот не ме болеше, душава ме болеше и уште ме боли.

Запалив цигара за да се смирам, таа стои пред мене како теле и ме гледа. Двете молчиме, се гледаме во очи и молчиме…

ИЛУСТРАЦИЈА

Ќе викам таски за накај дома ѝ велам, не ми се седи веќе, реков.

Таа,пак, како ништо да не се случило ми одговара:

– Па, уште нема 12:00!

– Ми е гајле за 12:00 , си одам дома доаѓаш? возвратив.

– Да – рече смирено.

Ми беше чудно што откако излеговме надвор и се смени изразот на лицето, се смири и ме гледаше како да ѝ е потербна помош. Јас бев многу лута, и само сакав да ме нема од таму.

ИЛУСТРАЦИЈА

Едвај најдовме такси, се поздравивме со  друграките и другарите на сепаре и заминавме. Јас живеам сама во Автокоманда ми е станот. По пат накај  дома цело време молчевме. Стигнавме, се измив и облеков во пижами , почнав да ставам ноќна крема, таа во кујната отвораше вино.

– Што праиш?! Ѝ велам, не испи доволно за денеска?

– Не, ми возврати дрско, па уште нема 12:00!

– Аман со тоа твое 12:00 , го расипа не примети?

Јас и Вики никогаш се немаме скарано за нешто големо, за ситници да, како деца да, но никогаш не ни се случило да не правиме со денови муабет. По неколку часа повторно се враќаме по старо. Многу сме слични по карактер, знаеме да кажеме извини, отворени сме за разговор и секогаш со муабет сме решавале се.

Испи на екс една чаша и одма си сипа друга.

– Сакаш? , ме праша додека на телефон ја пушташе „Love Comes Again“.

– Стај ми, сакам! ,одговорив.

ИЛУСТРАЦИЈА

Многу чудно се однесуваше, се туфкаше, се врткаше низ соба, ми го одбегнуваше цело време погледот. На моменти играше, скокаше и се вртеше, откако 200 пати ја повтори истата песна.

– Шо ти е?

– Ништо!

– Ај, ти се молам!Шо е вакво понашање од преска?

Седна до мене, направи многу сериозна фаца и почна да ми раскажува.

Се започнало вака:

-Љубов, вели (така си се обраќаме една со друга) , ова не сум го кажала на никого, но веќе ми станува голем терет и морам да го споделам. Јас сум заљубена во мажот на мојата другарка. Не ме прекинувај, остави ме да ти раскажам се од почеток,  ми рече со смирен тон.

ИЛУСТРАЦИЈА

Веќе четири години се гледаме тајно. Јас го познавам Васе од основно, од нас е постар 2 години. Не се дружевме претходно, но од секога ми се допаѓал физички. Кога тие почнаа да излегуваат, тоа е од прилика пред 7-8 години, јас не чувствував ништо, го гледав како дечкото на мојата најдобра другарка, убав маж и толку. Тој ја запроси, јас им бев старосватица на свадбата, се се одвуваше нормално. Јас кога се гледав со Влатче многу излегувавме сите, ептен убаво си поминувавме. Е сега, Тања остана трудна , ми објаснува братучетка ми, а јас со подзината уста ја гледам и  во исто време не сакам да слушам.

ИЛУСТРАЦИЈА

Почнаа многу да се караат, ова го дознав од Тања, доаѓаше кај мене плачеше, јас ја тешев дека секој брак има криза, ќе ја пребродат. Ова се случуваше со месеци, Тања се породи и падна во депресија. Многу се промени, не сакаше да арзговара со никого, се затвораше во соба и се дистанцира од луѓе. Васе еден ден ми се јави и ме замоли да отидам, кажа дека се заклучила внатре во соба и му станало сомнитлно. Ја најдовме со апчиња како плаче. Ја смирував со часови, ни требаше долго време да ја убедиме да оди кај психолог. На Тања семејството е каша -попара, разведени родители надвор од државава, нема ни брат и сестра, таа тетка и е уби боже, како да не и е гајле за ништо. Тања отсекогаш ме имала само мене, па затоа Васе ме бараше секој ден. Јас секој ден одев кај нив. Секој ден! Му помагав со бебето. Тања спиеше бидејќи беше под седативи. И овој шаблон се случуваше долго, вели братучетка ми, а мене ме стегна нешто во грлото. оти претчувствував дека даоѓа најстаршното.

ИЛУСТРАЦИЈА

– Еден ден се бакнавме, не знам кој почна, не знам како се случи. Не го посакував ова, вели таа.

Ја прашав:

– Тогаш зошто дозволи да продолжи?

– Не знам ни зошто, не знам ни како, само знам дека ми е убаво. Веќе четири години се гледаме скришум. Мислам дека Тања почна да забележува сега скоро, па затоа сакав да ти се обратам. Што да правам?

Стојам и ја гледам бледо. Не знам што да ја прашам, што да и кажам, а таа продолжува, како со месеци да се подготвувавла за овој монолог.

ИЛУСТРАЦИЈА

– Тој размислува да се разведе, но не сака заради детето,  а и знаеш мало место. Тања е многу подобра со здравјето, оди на работа се функционира како порано, мислам се… „се смее). Јас сакам да го убедам да се разведе , но срцево не ми дава , жал ми е да растурам семејсво, жал ми е и за Тања. И се преправам дека сум и другарка. Се уморив, а го сакам само за себе! Тој вели дека не  е ни интимен со нејзе веќе долго време, се однесуваат како цимери по дома, дека ме сака . И секое слободно време сме заедно, одиме и на викенд , тој лаже дека е од работа, јас секогаш нешто смислувам различно. За овие четири години сум сплеткана во пајажина од лаги. Веќе не можам, кажи ми што да правам?Што би направила ти?

Е тек сега ќе пукнев, кога порано, ќе ми го поставеше ова прашање секогаш и давав одговор, но сега го немам. Ве молмам дали сте имале слична ситуација, ве молам кажете ми што да кажам?

ИЛУСТРАЦИЈА

*Имињата, годините и градовите се измислени,  поради дискреција, а останатиот дел е комплетна вистина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button