Реклама
Наши ѕвезди

Која е убавата Македонка што ги воодушеви сите со својот неверојатен глас во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Пресуди гласот на Марија Шерифовиќ

Реклама

Две Македонки настапија во дуел во „Ѕвездите на Гранд“ и го украдоа шоуто со своите моќни интерпретации.

Станува збор за скопјанката Андријана Петрушовска (23) и Мелиса Зијадиќ (18) од село Лажани кое се наоѓа во близина на Прилеп, од каде потекнуваат две музики легенди, Јашар и Ипче Ахмедовски.

Единствената од жирито што не даде глас за Петрушовска беше Марија Шерифовиќ, па така таа прва образложи зошто.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Според неа ва бил еден од најдобрите настапи на Мелиса досега, додека на Андријана и порача дека избрала полесен програм, па така своите можности не ги претставила на најдобар начин.

Маркетинг

Заради овој коментар се вклучи и Александар Милиќ Мили, менторот на Андријана, кој ја бранеше својата кандидатка и кој потенцираше дека сакаат да покажат забавен програм.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Слични коментари има и останатите членови на жирито, па така според Ана Бекута и Петрушовска е одличен кандидат, но и напредокот на Мелиса заслужува да биде награден, а слично мислење имаше и Ѓорѓе Давид.

Својата гордост од Мелиса не ја криеше и нејзината менторка, Светлана Цеца Ражнатовиќ, која ја пофали и Андријана.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крајот Мелиса помина во следниот круг, додека Анријана тоа го направи од баражот докажувајќи дека е она што се бара во шоуто.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, ова не беше прв дуел на Андријана и Мелиса.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тие и во еден од претходните кругови застанаа заедно на сцената, само што тогаш повеќе гласови освои Петрушовска.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, мелиса е од селото Лажани од каде потекнуваат уште две големи музипчки легенди, Јашар и Ипче Ахмедовски.

„Јашар е единствен така што се надевам дека и јас еден ден ќе имам таква кариера. Го запознав и слушна како пеам, многу ме пофали и голем поздрав за него“ изјави Мелиса пред камерите на „Гранд“ по нејзиниот прв феноменален настап во шоуто.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button