Диети

Популарни диети кои треба да ги избегнувате

Реклама
Реклама

Новите брзи диети кои вклучуваат два дена строг пост, па максимално внесување од 500 до 600 калории останатите денови од неделата, стануваат се попопуларни.

dietka1

Маркетинг

Нутриционистите предупредуваат дека не смеете да започнувате ваков ригорозен план на исхрана без консултација со доктор кој ќе ви ги објасни можните ризици.

Новата диета која стана многу популарна во Велика Британија, наречена едноставно „брза диета“, воопшто не ги импресионираше нутриционистите. Тие предупредуваат дека постои реална опасност да се изгладнете и да го оставите организмот без виталните хранливи состојки.

Строгиот план на исхрана и слични диети на принципот 5 : 2 (два дена пост), го ограничуваат внесувањето на храна на 500 калории дневно за жени и 600 за мажи. Два дена неделно целосен пост, а другите денови јадете што саката, но бројот на калории е ограничен.

Маркетинг

Меѓутоа експертите од Ирскиот институт за нутриционизам и диети (Irish Nutrition and Dietetic Institute – INDI) предупредуваат дека таквото одрекување може да доведе до недостаток на витамини и минерали. Посебно се загрозени оние кои веќе имаат недоволно калциум или железо, затоа што поради постот здравјето може додатно да им се влоши.

dietka1

Луѓето не би смееле да започнуваат ваков ригорозен план на исхрана без претходна консултација со доктор, кој ќе им ги појасни можните ризици.

„Мој совет е да не започнувате со ваква диета ако сте бремени., дијабетичари или земате некои лекови. А доколку навистина планирате да започнете со ваква диета, секако морате да се консултирате со нутриционист, кој ќе ви појасни како да осигурате дека внесувате доволно витамини и минерали.“, вели Сара Кеог, портпарол на INDI.

Токму како и многу популарните диети – како што се Аткинсовата и Дукановата – брзата диета не е добро да се применува само затоа што е популарна. Имено, долгорочните истражувања покажуваат некои опасни последици по здравјето.

dietka1

Креатор на „брзата диета“ е д-р Мајкл Мозли, кој заедно со Мими Спенсер, напиша книга за оваа диета која стана бестселер.

Освен што ветува брзо губење на килограмите, исто така се тврди и дека диетата го зајакнува здравјето затоа што го намалува холестеролот и крвниот притисок, како и дека го балансира нивото на инсулин, поради што потешко ќе дојде до развој на дијабетес.

Но, до здравствена корист може да дојде само ако во текот на петте дена во кои се јаде луѓето консумираат здрава храна повеќе од обично. Од друга страна, постои реална опасност дека после двата дена глад ќе дојде до прејадување!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button