Неделен хороскоп: Овните ќе го дефинираат понатамошниот работен план, а Лавот ќе ги сокрива вистинските чувства
РАК (21 јуни – 20 јули)
Работа
Овој период ви претстојат борби за одбрана на својот став и своето мислење. Важно е да бидете доволно мудри и да соработувате онолку колку што можете. Ќе имате пречки, а вие настојувајте што повеќе да ги разјасните работите. Настојувајте со сите да најдете компромис, па ќе постигнете задоволителни резултати.
Љубов
Бидете отворени за комуникација и верувајте дека може да ви се случи нешто убаво, па токму тоа и ќе дојде. Не брзајте ги работите и дозволете му на партнерот да биде она што навистина е.
Здравје
Ќе се чувствувате одлично.
Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>
ЛАВ (21 јули – 21 август)
Работа
Кој и да се обиде да ви прозбори, вие ќе успеете да му дадете одговор. Нема да бидат идеални сите околности, но ќе бидат во ваша корист. Оние кои се шефови, ќе бидат во големи искушенија.
Љубов
Оваа недела ќе бидете склони на сокривање на вашите вистински чувства. Тоа ќе предизвика мало недоразбирање во вашата врска, затоа што на другите нема да им бидете јасни. Внимавајте со ваквиот став да не пропуштите некоја добра љубовна прилика.
Здравје
Поминувајте повеќе време со пријателите.
ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)
Работа
Понекогаш ви се чини дека околу вас имате премногу луѓе со кои морате да комуницирате, а овој период вие би сакале да работите сами. Откријте што навистина сакате, па најдете златна средина. Компромисите секогаш се потребни.
Љубов
Најдобро ќе се чувствувате дома, каде што опуштено ќе можете да уживате во друштвото на личноста која ја сакате. Повремено зголемете ја страста.
Здравје
Претворете го шетањето како добра навика за вашето здравје.
Премини на следната страна >>