Реклама
Хороскоп

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак!

Реклама

Дневните, месечните, годишните, љубовните, деловните и здравствените астролошки предвидувања главно се свртени кон сериозната страна на животот.

Фактот дека секој знак е специфичен остава простор и за онаа другата, смешната страна во хороскопот. Прочитајте го овој смешен хороскоп и дефинитивно ќе се препознаете во некои работи.

Маркетинг

ОВЕН

Маркетинг

Овенот има различни веѓи и секогаш самозадоволителен израз на лицето. Тие ретко кога кажуваат едно, а прават друго. Обично го прават погрешното нешто, но не зборуваат за тоа. Се држат до своето мислење и гордост и, без разлика дали живеат во палата или во картонска кутија, до крајот на животот ќе тврдат дека токму тоа е она кон кое тежнееле целиот живот. Овенот не се раѓа како бебе, туку директно од матката прескокнува во возрасна животна доба, но и понатаму сите одлуки ги носи детинесто. Лесно стапуваат во брак, но тешко се разведуваат, а нивните сопружници имаат склоност кон необични несреќи со смртен исход или големи повреди. Во суштина безгрешни, оставаат божествен впечаток. Овенот секогаш тежнее кон лидерски позиции, секогаш, дури и да е вработен како чистач на тоалети, ќе формира работна група на чие чело, секако, ќе биде самиот тој. Зошто? Бидејќи само така знаат да функционираат.

БИK

Биковите се дефиниција за емотивен ролеркостер. Во еден момент се среќни, а веќе во другиот се километри под земја. Бидејќи е земјен знак, Бикот може да ужива во паузите меѓу капењата, буквално помалку се тушира од другите знакови, бидејќи тоа му е во природата. Сакаат филмови со среќен крај, но немаат никаков проблем да му се развикаат на келнерот затоа што им доцни кафето. Или, да се развикаат на билборд затоа што личноста на него не им се допаѓа. Без никакво животно искуство, прават стручна анализа на своите пријатели и даваат замерки за непостоечки работи. Сите Бикови сакаат да бидат Бог. Но, Бог е Овен. Агресивни се и нетрпеливи да стигнат… Па никаде, затоа што немаат цел, но тоа, повторно, не ги спречува да бидат екстремно нетрпеливи.

БЛИЗНАЦИ

Нема кој не ги сака Близнаците, затоа што се некако необични. Сакаат да мислат дека се половина Сократ, половина Микеланџело, додека во реалноста повеќе се половина Џокер, половина Бетмен. Агресивни се и неподнесливи; возат како луди и често завршуваат во дрво. Кога се агресивни и наподнесливи, во состојба се и да се тепаат со деца заради последното парче торта. Ги користат вагите како средство за удирање и разбивање на стресот. Зборуваат гласно за да бидат слушнати, што е вистинска штета, затоа што, главно, се обраќаат сами на себе. Всушност, Водолиите не се ништо повеќе од параноични Водолии.

РАK

Личностите родени во овој знак мора да знаат што се случува во животот на сите живи суштества во галаксијата. Штета што, често, немаат поим што се случува во нивниот живот. Но, тоа обично им го кажуваат пријателите. Облеката ја пеглаат кога мораат, така што ја ставаат под душекот. Трвдат дека се тактични и дека имаат решение за сè, совет за секого. Вистинскиот збор би бил дека се беспомошни, дека никој не ги сфаќа сериозно. Доколку сте Рак и ви се чини дека некој си игра мајтап со вас, веројатно сте во право. Во едно се добри – да ги однесат пијаните пријатели дома. Тоа се, обично, Рибите.

ЛАВ

Лавот сака внимание по секоја цена, па и самозапалувањето е еден од изборите. Често го бакнуваат својот лик во огледалото, откако ќе му се восхитуваат повеќе од еден час. Лавот мора да го слушате до крај, затоа што ако го прекинете и сакате да ја напуштите просторијата, тој ќе застане пред вас и ќе го доврши своето излагање – за себе, секако. Ретко стапуваат во брак, затоа што никој не им е ниту до глуждот. Ако и стапат во брак, Лавиците често го кријат својот сопруг заклучен во оставата кога ќе дојдат гости – за да не ја посрамоти. И да го има целото внимание за себе. Сакаат добри борби и расправии, особено со Овенот.

ДЕВИЦА

Знак кој најмногу иритира. Се концентрира на правилно дишење и ја средува гардеробата по боја. Ја чистат секоја површина два пати на ден, со четката за заби, а потоа со лупа трагаат по бактерии. Опсесивно-компулзивно пореметување? Еуфемизам за Девиците. Често се причина за сообраќајни несреќи. Кога ќе ги прашате зошто, често одговорот е дека авотобилот на несреќникот не бил чист. За Девиците не е сè црно или бело. Туку, валкано или чисто. За нив, дефиниција за пеколот е живеење со Водолијата.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button