Реклама
Стил

Цаци од Сител во издание во какво не сте ја виделе – НИКОГАШ ПОУБАВА, како излезена од модно списание

Еве како таа го носи популарниот тренд

Реклама

Неколку фотографии што воодушевија многумина

Една од нашите најпознати водителки, Славица Арсова, неодамна објави неколку фотографии од своето патување во Велика Британија и веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Реакциите секако беа позитивни, а шармантната водителка покажа како ужива во британската метропола, но и како изгледа.

Маркетинг

Славица која колегите нагалено ја викаат Цаци, најпрво покажа како изгледаше нејзината посета на „Би-би-си“, а она што на многумина им го привлече вниманието беше нејзиниот стајлинг.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Славица Арсова

Имено, Цаци за оваа пригода избра црни панталони и тесна црна маичка преку која носеше класично црно сако.

Но она што посебно ги изненади сите е детаљот со кој водителката го заокружи ова свое деловно издание.

Фото: Инстаграм/ Славица Арсова

Станува збор за белите спортски патики кои на целата комбинација додадоа доза на опуштеност, но и модерен „вајб“.

Таа ги воодушеви сите со ова издание, како и со својата природна убавина, што може да се забележи и од коментарите.

„Лепота си ти моја најголема, и порача нејзината сестра Бисера под една од овие фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, на што Славица и врати: „Ти моја убавина и љубов“, одговори водителката.

Фото: Инстаграм/ Славица Арсова

Покрај оваа своја шик комбинација која како да беше излезена од некое модно списание, Цаци успеа да привлече внимание и со уште едно едноставно, но истовремено и максимално оуштено издание.

Фото: Инстаграм/ Славица Арсова

Овој пат во прашање се фармерки и обична маичка, но преку која носеше сив капут и брендирана чанта.

Едноставно и згодно за секоја пригоди, нели?

Фото: Инстаграм/ Славица Арсова

Фото: Инстаграм/ Славица Арсова

Па, кое од овие неколку изданија на Цаци ви се допаѓа најмногу?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button