Првата жена претседател на Македонија покажа грациозност и став, цел Балкан зборува за неа
Првата жена претседател на Македонија и познатата пејачка во издание со кое ги воодушевија сите
Никого не оставија рамнодушен
Неколку фотографии од наши познати дами кои воодушевија многумина на социјалните мрежи.
Имено, познатата пејачка Бојана Скендеровски објави неколку фотки од приемот кај првата жена претседател на Македонија.
Фотографиите веднаш предизвикаа внимание и тоа на најубав можен начин, па во коментарите се уште се редат позитивни реакции, посебно за претседателката Гордана Силјаноска Давкова.
Инстаграм
„Гордости“, „Мајка за секого“, „Конечно дама да ни ја води државата“, беа само некои од коментарите под овие фотографии.
Инаку, Бојана со ова свое издание само уште еднаш го докажа својот одличен моден вкус, но тоа го направи и Силјаноска.
Инстаграм
Имено, модниот избор на новата претседателка на Македонија за оваа пригода беше потполно во склад со пригодата, а фустанот со интересниот дезен во комбинација со белата огрлица со бисери и црните чевлички го направија целото издание уште поженствено и поинтересно.
Инстаграм
Првата жена претседател на Македонија – похрабра од многу мажи политичари!
Потсетуваме, професорката Гордана Силјаноска Давкова беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во кои го победи поранешниот претседател Стево Пендаровски и со тоа стана првата жена претседател на Македонија.
Инстаграм
Таа во своето прво обраќање пред јавноста порача дека ќе биде претседателка на сите граѓани без разлика на етничката или партиската припадност, а своето обраќање во собранието им го посвети на жените.
„Време е за единство и затоа реков ќе им се обратам на жените. Бидејќи единството може да значи и женска филозофија, женска автентичност – бидејќи ние умееме да се грижиме не само за себе, туку пред се сите останати“, рече Сиљановска-Давкова која во свечената заклетва употребуваше само Македонија за државата наместо (наметнатото) уставно име.