Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Близнаците ќе имаат проблем во комуникација со партнерот, а Лавот конечно ќе заплови по мирните води

Реклама

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Маркетинг

Работа

Малку е веројатно дека оваа недела ќе успеете да започнете нешто ново кога е во прашање работата. Состаноците би можеле да бидат одложени, па дури и откажани. Бидете особено внимателни, зашто во вашата околина има многу неискрени личности.

Маркетинг

Љубов

Раковите кои се слободни на некој начин се заглавени помеѓу минатото и новите личности во нивниот живот… Не можете да одлучите која е подобрата опција за вас… Доколку сте во врска или брак, тогаш може да почувствувате благ притисок од вашиот партнер, па да дојдете до несериозни односи. Ќе ви биде малку тешко да се прилагодите еден на друг, но не и невозможно.

Здравје

Проблеми со варењето и чувствително грло.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

Оваа недела ќе имате чувство дека функционирате на принципот два чекори напред, еден назад. Во превод: Ќе напредувате, но многу побавно отколку што очекувате. Можни се и мали несогласувања со вашите колеги.

Љубов

Конечно ќе можете да запловите по мирните води со вашата сакана личност. Работите полека ќе почнат да доаѓаат на свое место и за сега ќе уживате во заедничките моменти. Доколку сте слободни, ви препорачуваме да излезете од дома, да бидете во движење, да излегувате и да се дружите. Нагласен е флертот, а каде што постои флерт, таму блиску е и љубовта.

Здравје

Бидете внимателни при физичка активност.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

Колку и да ви се комплицирани работите на работното место, оваа недела вие ќе успеете да ги решите и да извлечете максимум од ситуацијата. Можно е малку да бидете нефокусирани и не добро организирани, но тоа нема да ви донесе дополнителни компликации.

Љубов

Не сте на иста бранова должина со вашиот партнер. Ќе наоѓате замерки и тоа не само за важни прашања, туку и за некои секојдневни ситници. Ќе бидете доста тивки и повлечени, окупирани со некои свои мисли, планови, оптеретувања… Ако сте слободни, тогаш може да започнете некој таен однос.

Здравје

Проблеми со спиењето.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button