Реклама
Модни совети

Како да носите миди здолништа оваа есен и зима?

Реклама

 

Нема девојка која не ги сака овие здолништа кои покрај тоа што изгледаат шик и дамски, тие се и апсолутен хит веќе неколку сезони.

Маркетинг

Но, проблемот е во тоа што многу девојки не се сигурни како треба да ги комбинираат здолништата кои најчесто се со должина до средината на листот. И бидејќи навистина треба да бидеме внимателен при изборот на дневните и вечерни стајлизни со овие парчиња, еве неколку совети кои би можеле многу да ни помогнат во тоа.

МОЛИВ КРОЈ

Маркетинг

Здолништата кои се кроени за да ја следат линијата на телото совршено ги истакнуваат струкот и колковите, па доколку ви се допаѓаат овие модели, носете ги со елегантни чевли со високи потпетици и горен дел со романтични детали.

СТЕЈТМЕНТ ПАРЧИЊА

Миди сукњите, според модните гуруа, треба да се носат со високи потпетици без разлика дали станува збор за чизми или чевли и на тој начин многу лесно визуелно ќе ја издолжите фигурата.

Доколку сакате да изгледате модерно и кул, тогаш изберете високи потпетици кои се носат со „став“!

ЕКСПЕРИМЕНТИРАЈТЕ!

Понекогаш не е доволно да играме само на сигурно – експериментирајте што почесто со различни бои, форми, дезени… СВо оваа игра дозволено е се, а најважно е да изгледате секси, занесно и весело, па и во најтмурните есенски денови.

VOGUISH!

Ако сте во потрага по „voguish“ или ретро „look“, ве советуваме да изберете блуза со анимал принт која ќе носите ставена во здолништето со А крој, додека целиот изглед заокружете го со стајтмент сандали и шик очила за сонце.

КАКО ПАРИЖАНКА

А што велите за шарениот париски шмек? Пробајте со едноставна бела кошула или блуза која ќе ја носите ставена во шарено здолниште со висок струк. Подигнете ја комбинацијата со стејтмент накит со каменчиња, плико чанта и црвени високи потпетици.

ДЕЛОВНА ДАМА

Доколку сте во потрага по совршена деловна комбинација, пробајте здолниште со висок струк во нежна розова боја која е апсолутен хит за оваа сезона. Комбинирајте со елегантна кошула во бела боја, шик салонки и чанта во некоја друга интересна боја со која ќе ја заокружите комбинацијата.

СТИЛОТ СЕ КРИЕ ВО ДЕТАЛИТЕ

Интересен ремен на здолништето, необичен вез, дезен, крој или впечатливо порабување исто така може да допринесе за вашиот оригинален изглед, па затоа водете грижа за тоа при изборот на вашето ново здолниште.

РЕСИ

Ако ги сакате здолништата со реси, комбинирајте ги со високи потпетици, особено ако сакате да изгледате провокативно и неодоливо.

види повеќе »

 

Сега откако го поминавме првиот час и научивме „како да носиме миди здолниште“, вистинско време е да ги видиме и најубавите парчиња кои можат да се најдат на полиците на најпознатите брендови за улична мода.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button