Диети

Сакате да ослабите од 18-24 кг? Тогаш пробајте со диета на обединетите нации!

Реклама
Реклама

Со оваа диета, покрај загубата на килограмите, доаѓа и до промена на метаболизмот, па изгубените килограми не се враќаат.

Диетата се држи три месеци во текот на кои може да се изгубат од 18-24 кг. После 90 дена се прекинува диетата. Еден месец по прекинувањето на диетата, за појадок се јаде само овошје, а за другите два оброка се јаде нормално. Ако се изгубат уште три кила значи се сменил метаболизмот.

Маркетинг

Диетата секогаш започнува со протеински ден, по него следува скробен, па јагленохидратен, па овошен. Редоследот на деновите никако не смее да се менува.

Појадокот е ист за сите денови: 2 исти овошки – банани, јаболка, праски, портокали, или два грста ситно овошје.

Маркетинг

 1 ден – протеински 

Ручек: месо, варено или печено, (какво било, само еден вид) во количина од околу 300 грама (или риба, соја или 3 јајца) + салата (во неограничени количини, од каков било зеленчук, освен патлиџан, со масло, сол, зачини) + една чаша супа од зеленчук (без протеини или скроб, само зеленчук + масло)

Вечера: исто како и ручек само пола количина

Може да се јадат и млечни производи (сирење, млеко, јогурт во мали количини) или да се јаде млечен производ како главен протеин за ручек или вечера наместо месо.

 2 ден – скробен 

Ручек: компир, ориз, грав, грашок, леќа, боранија + салата (може и патлиџан). Количината како и во првиот ден, околу 300 грама, за вечера исто како и ручек само пола количина.

 3 ден – јагленохидратен 

Ручек: варено тесто (макарони, шпагети, јуфки…) или мала пица со зеленчук (без скроб, протеини или млечни производи) со додаток на зачини, кечап и сл., или солени пецива во количина на пица во пицерија (на пример 3 кифли).

Вечера: 2 мали парчиња торта, или 4 мали слатки или 3-4 топки сладолед + задолжително 1 ред чоколада за готвење за да се спречат алергии.

 4 ден – овошен 

Цел ден се јаде какво било овошје, разни видови, во неограничени количини.

По еден круг од 7 х 4 денови, односно 28 денови, еднаш месечно по овошниот ден се применува течен ден: какви било течности (вода, чај, сок без шеќери).

По овошниот, односно течниот ден, се продолжува со протеински ден.

Кафе и чај можат да се пијат, но без шеќер.

Се што е наведено мора да се јаде бидејќи има своја улога во организмот.

Количините на храна се поголеми од вообичаените, а намирниците се прилагодени на нашето поднебје, така што диетата, генерално, не е тешка. Мора да се применува со упорност и доследност. Понекогаш се случува десет дена да нема никаква загуба на килограми, па потоа одеднаш ќе се загубат 3-4.

Диетата не смее да се држи подолго од 90 денови. Треба да се направи пауза од 3 месеци па потоа, ако сакате, повторно да спроведете нови 90 дена од диетата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button