Диети

Храна за добро здравје и кондиција!

Реклама
Реклама

Живееме во време на нагли климатски промени, кога температурите можaт да се променат и преку 20 степени преку ноќ.

Маркетинг

Временските услови се такви, што вирусите не демнеат на секој ќош, а и ние самите некако се чувствуваме слабо, меланхолични сме, подложни на инфекции. Здравата и правилна исхрана може многу да допринесе тоа да не биде така, но секако дека ефектите нема да ги видиме преку ноќ.

Затоа стручните лица советуваат дека умерената и избалансирана исхрана на подолг период може најдобро да го подигне вашиот одбранбен механизам, но тука не треба да ги исклучиме и редовната телесна активност и доволниот број часови поминати во спиење и добар сон.

Маркетинг

Кога станува збор за избалансирана храна, треба да се користат сите видови намирници, но секако поголем акцент треба да им дадеме на оние што се поквалитетни и покорисни. Тука станува збор за намирниците кои се богати со витамините Ц, Е, А, т.е со минерали како цинк, бакар, селен.
 
Овошје

Најважно е да се конзумира цитронско овошје – лимони, портокали, мандарини, грејп, но и кива, јаболко, круши, банани и сл. На вашето мини внесете ги и оревите, бадемите, лешниците.

Зеленчук

На врвот на вашето мени треба да е киселата зелка, марула, кељ, лук, кромид, цвекло, моркови…

Мешунки

Мешунките содржат јаглехидрати, протеини и маснотии, т.е. тие се богати со витамини и минерали, фитохемикалии и антиоксиданти. Боранија, грашок, соја, леќа, боб…

Житарки

Треба да се избегнуваат производи од рафинирано брашно. Наместо тоа, одберете леб, пецива и тестенини од интегрално брашно.

Млеко и млечни производи

Се препорачува посно сирење, сирење со помалку млечни масти, јогурти, т.е сите млечни производи со пробиотичи бактерии.

Месо

Без месо нема избалансирано мени. Бирајте бело пилешко и месо од мисирка без кожичка, телешко, говеско и свинско без мрснотии. Не заборавајте ги јајцата.

Масло

Најдобро масло е маслиновото и маслото од репка. Можеби репката се уште не ја користите, но треба што поскоро да ја внесете во вашето секојдневно мени.

Благо

Заменете ги преблагите слатки со суво овошје, млечни десерти или крекери. Наместо шеќер користете мед за во чајот и кафето.

Течности

Секој ден треба да внесувате доволно течности во вашиот организам. Покрај водата, во студените месеци се препорачуваат и природни свежи сокови од овошје и зеленчук, топли чаеви, супи…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button