Реклама
Култура[тор]

ЛЕГЕНДАТА НЕ НАПУШТИ: Почина Дејвид Боуви (ВИДЕО)

Реклама

Музичката икона Дејвид Боуви почина, соопшти неговиот син, а пренесе BBC

Легендарниот британски пејач Дејвид Боуви почина денес во 70. година по 18 месечната борба со ракот, објави неговиот портпарол. „Дејвид Боуви денес почина во мир, опкружен со членовите од своето семејство, по 18 месечната храбра борба со болеста. Иако многумина од вас ја делат нивната болка, бараме од вас да ја почитувате приватноста на семејството во ова тешко време“ се наведува во соопштение на официјалниот Твитер профил на Боуви.

Маркетинг

Инаку, Боуви пред само неколку дена го објави неговиот нов албум Blekstar, но последните месеци не се појавуваше во јавноста, вели „Дејли мејл“. Веста за смртта ја потврди и неговиот син Данкан Џонс, кој на Твитер напиша „Многу ми е жал и тажен сум што можам да кажам дека е точно. Нема да се огласувам некое време. Поздрав до сите.“

Маркетинг

Дејвид Боуви е роден како Дејвид Роберт Хејворд Џоунс (англ. David Robert Hayward-Jones) на 8 јануари 1947 година во Лондон. Тој беше многу познат британски рок музичар, пејач, композитор и актер. Музички беше активен полни пет децении и вечно склон кон менување на музичкиот стил и имиџ, особено почнувајќи од 1970 година.

Првата песна со која се прослави беше синглот „Space Oddity”  од 1969 година која поради спуштањето на месечината имаше голем успех.

{youtube}iYYRH4apXDo{/youtube}

Најзначајниот албум на Боувуи беше „Подемот и падот на Зиги Стардаст и пајакот од Марс“ (The Rise and The Fall of Ziggy Stardust and The Spiders From Mars).

{youtube}kszLwBaC4Sw{/youtube}

Blackstar

Тоа беше концептуален албум со приказна за вонземјанин кој доаѓа на Земјата, станува мегаѕвезда а на крајот го убиваат обожавателите. Заштитен знак на турнејата беше огромен стаклен пајак кој беше посебно изграден за оваа намена.

{youtube}y-JqH1M4Ya8{/youtube}

Lazarus

Инаку, на неговиот последен албум Blackstar се наоѓаат седум песни, а пред само неколку дена, на неговиот 69 роденден, беше објавен и неговиот втор сингл Лазарус. Познатиот музички магазин Billboard  оцени дека новите песни на Боуви се полни со бес, горчиња, смрт и иронично прикажување на модерниот свет. Вистинската слика за ова можете да ја видите и кога ќе ги преслушате неговите последни објавени синглови, „Lazarus” и „Blackstar”.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button